Црна хроника
Кај тетовец измерени 2,89 промили алкохол во крвта

Полициски службеници на СВР Тетово во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на поширокото полошко подрачје спровеле акциска контрола на возачи – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.
При контролата биле откриени и вкупно санкционирани 36 возачи кои управувале под дејство на алкохол, од кои кај едно лице биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта.
Сите возачи-прекршители веднаш биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти полицијата. Во акциската контрола адекватно санкционирани биле и 18 други видови сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово повторно со апел, посебно до младите и пред се за викендите, да не седнуваат зад волан доколку претходно конзумирале алкохол и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, но и да не возат пребрзо и да не престигнуваат на недозволени места и начин. Со тоа ќе придонесат за подобрување на вкупната сообраќајна безбедност во регионот и пошироко, велат од полицијата во Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.
Црна хроника
Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.