Црна хроника
275 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (24.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 275 возачи.
Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 153 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 122 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пукале со пиштол на семејна веселба во Кичевско, повредено 16-годишно момче

Шеснаесетгодишно момче е повредено откако неколку куршуми се одбиле од подот во пукање на семејна веселба во кичевско село.
Според информациите на МВР, ноќеска во 02.30 часот, полициски службеници ги уапсиле Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол.
При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле 16 – годишно момче од селото Стрелци, кое било пренесено во Општа болница во Кичево.
Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави
Црна хроника
Приведен кавадарчанец, кој возел со речиси 3 промили алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа

Полициски службеници го приведоа 29-годишниот Р.С. од Кавадарци, откако на улицата 7 Септември во градот управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил на 21 јули околу 21:15 часот, кога Р.С. со своето патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки учествувал во судир со друго патничко возило „пежо“, управувано од 31-годишниот Б.К., исто така од Кавадарци.
При извршен алкотест, кај Р.С. биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил приведен и задржан во полициска станица.
За случајот е известен јавен обвинител.
Топ
Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија.
Инцидентот се случил вчера околу 19 часот во близина на Каваја. 66-годишниот маж Ш. А., жител на Македонија, најверојатно доживеал срцев удар откога влегол во морето и како последица на тоа го загубил животот, објавија албанските медиуми.
Албанската полиција отвори истрага за случајот, а телото на починатиот е предадено на судска медицина.
Фото: принтскрин