Спорт
Павар откри дека пандемијата на КОВИД го турнала во депресија
Дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенжамин Павар призна дека се борел со депресијата за време на пандемијата на КОВИД-19, објаснувајќи дека не му се допаѓало да биде изолиран и без опции. Бундеслигата паузираше од средината на февруари до мај, кога се врати фудбалот, но без навивачи на трибините.
„Во мојата глава, работите не беа на место. На почетокот си велиш, ова не е ништо, ќе помине, но кога ќе траеподолго време и кога ќе одиш на тренинг без насмевка на лицето, мораш некако да реагираш. Како и на сите други луѓе, и покрај тоа што имам прекрасна куќа, потребен ми е човечки контакт. Се будев наутро без апетит. Се обидв да се грижам за самиот себе, да готвм, да гледам ТВ-серии. Не ми се допаѓа зборот депресија, но тоа беше тоа. Се криев од сите, но денеска сум многу подобар. Пандемијата целосно ме промени“, вели Павар во интервју за „Ле паризиен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Арсенал и Челзи во борба за Арда Гулер
Арсенал и Челзи влегувата во трка за потписот на Арда Гулер, доколку играчот на Реал биде достапен во летниот преоден рок.
Според „CaughtOffside“, Гулер е долгорочна цел на Арсенал, додека „сините“ неодамна имаа неколку контакти за да се распрашаат за неговата ситуација.
Турскиот интернационалец е на радарот на Арсенал уште од октомври 2024 година.
Во меѓувреме, Челзи исто така сака да влезе во трката. Двата клуба веруваат дека Гулер би можел да биде достапен ова лето за околу 90 до 100 милиони евра.
Спорт
Македонија ќе биде носител во плејофот за пласман на СП
Со победата на Холандија над Грузија од 31:26 во последното коло од Групата Е од прелиминарната фаза на Европското првенство, познато е кои репрезентации го обезбедија статусот на носители во плејофот за пласман на Светското првенство следната година.
Познато е кои 12 репрезентации ја продолжуваат борбата за медали и тронот на Европското првенство, како и за директен пласман на Светското првенство. Од преостанатите 12 елиминирани, познато е кои четири репрезентации ќе бидат носители во плејофот за Мундијалот следната година во Германија.
Познато е и кои шест репрезентации, ќе играат и претквалификациски два натпревари во март, а познато е и кои две репрезентации ја избегнале барем таа фаза, но нема да бидат носители во плејофот.
Што се однесува до преостанатите 12, сигурно е дека Германија и Данска нема да учествуваат во плејофот за Светското првенство, кои веќе се квалификуваа за Светското првенство. Германија како домаќин, Данска како актуелен светски шампион.
Останатите 10 репрезентации, покрај борбата за медали, ќе се борат за уште четири директни визи за Светското првенство. Останатите шест репрезентации ќе бидат распоредени во плејофот за Светското првенство.
Шпанија, Франција, Норвешка, Португалија, Словенија, Унгарија, Исланд, Шведска, Хрватска и Швајцарија ќе се борат за четири директни визи за Светското првенство.
Шесте кои нема да успеат во тоа ќе бидат распоредени во плејофот како носители, заедно со Фарските Острови, Македонија, Холандија и Австрија.
Можно противници на Македонија во баражот: Србија или Литванија, Полска или Латвија, Грција или Белгија, Црна Гора или Финска, Грузија или Израел, Италија, Босна и Херцеговина и Чешка.
Foto/ EPA
Спорт
Грилиш на принудна пауза
Еден од најдобрите играчи на Евертон, Џек Грилиш, ќе мора да направи долга пауза.
Како што беше потврдено денес, Грилиш доживеал сериозна повреда на стапалото, поради што го очекува пауза од околу три месеци.
„Денес, Грилиш беше подложен на дополнителни медицински тестови, по што беше утврдено дека има сериозна повреда која бара долга рехабилитација и закрепнување од најмалку 12 недели“, обајави клубот..
Во најдобар случај, Грилиш ќе се врати на теренот во втората половина на април, а дотогаш ќе пропушти голем број натпревари.
Евертон е 10-ти на табелата во Премиер лигата со 32 освоени бода.
Грилиш во најдобар случај ќе се врати на теренот на 18 април кога Евертон ќе го пречека градскиот ривал Ливерпул.
Foto/ depositphotos

