Македонија
Маричиќ-Ќучук: Низ соработка градиме пријателства и создаваме нови можности за младите од двете земји
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел заедно европратеникот и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, остварија средба на учениците од Северна Македонија и Бугари, кои во рамки на студиската посета имаа можност да се запознаат со работата и функционирањето на Европскиот парламент.
„ Секогаш ме радуваат иницијативите кои создаваат нови пријателства, искуства, нови знаења и развиваат добрососедски односи. Младите од Северна Македонија и Бугарија покажаа дека знаат да градат мостови кои ќе ги поврзуваат двете држави и се одличен пример дека преку образованието може да се градат соработка и нови проекти кои ќе им донесат нови можности, рече вицепремиерот Маричиќ пред учениците.
Домаќинот на овој настан, европратеникот Илхан Ќучук, со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ порачаа дека она за што работат и за што се борат е да отворат нови можности за младите од двете земји кои сите разлики ќе знаат да ги надминат во духот на европските вредности.
Мораме да градиме мостови меѓу двата народа, а не да подигаме ѕидови. Вие сте иднината на нашите две земји и примерот што го давате е значаен за добрососедските односи. Верувам дека ќе продолжиме да ги развиваме и ќе постигнеме многу со заеднички напори, рече Ќучук.
Маричиќ изрази верување дека во иднина ќе има уште повеќе вакви иницијативи, на кои младите од двете земји ќе другаруваат, соработуваат и со меѓусебно почитување ќе напредуваат и ќе носат успеси за своите држави.
Ученици од две збратимени училишта, од Скопје и од Велико Трново, денеска го посетија Европскиот парламент во Брисел, во рамки на заеднички проект, кој има за цел да создаде мостови меѓу младите од двете соседни земји.
Оваа посета на Брисел следува после изложбата што беше организирана во ОУ „Исмаил Ќемали“, Скопје каде што учениците од ова училиште и од ООУ „Бела Благоева“ од Велико Трново, Бугарија, имаа задача да нацртаат она што најмногу ги воодушеви од Република Северна Македонија, а децата од Република Северна Македонија, она на што се сеќаваат и им се допадна во Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

