Свет
Си-ен-ен за бегството од Русија: 16-километарска колона на границата со Грузија, илјадници одат во Финска

Сателитските снимки објавени од Maxar Technologies покажуваат долги редови на руската страна на границата со Грузија. Од Максар велат дека прикажуваат сообраќајна колона од околу 16 километри северно од граничниот премин кој бил формиран во неделата и додаваат дека „метежот најверојатно продолжил и понатаму северно од снименото подрачје“.
Си-ен-ен претходно во понеделникот објави дека фотографиите и снимките од руско-грузискиот граничен премин што кружат на социјалните мрежи покажуваат долги редови низ планинскиот премин.
Снимките со беспилотни летала од областа во понеделникот сугерираат дека стотици возила се собрани на руска страна, а очевидци велат дека луѓето чекаат до 48 часа за да преминат во Грузија.
Неколку слики покажуваат дополнителни руски безбедносни сили кои пристигнуваат на границата со оклопен транспортер.
Редици се создадени на преминот Верхни Ларс од Северна Осетија кон Грузија и други гранични премини откако претседателот Владимир Путин објави делумна мобилизација минатата недела.
#SatelliteImagery from September 25, 2022 shows a large traffic jam of vehicles leaving #Russia and attempting to cross the border into #Georgia, at the Lars checkpoint, following Russian President Putin’s mobilization order for the war in #Ukraine. pic.twitter.com/iHUsC8hYs2
— Maxar Technologies (@Maxar) September 26, 2022
На видеата се гледаат семејства и бројни мажи меѓу оние кои чекаат да го преминат Веркни Ларс. Стотици луѓе се приближуваат до преминот пеш, влечејќи куфери.
Поради ненадејниот прилив, опозицискиот политичар Нона Мамулашвили во Грузија изјави за Си-ен-ен дека „ја поттикнуваат владата да воведе визи и/или да ги затвори границите“.
Меѓутоа, во моментов, се чини дека границата е сè уште отворена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.