Црна хроника
Три сообраќајни незгоди, една жртва и еден тешко повреден

– Архивска фоторгафија
Лице претходно пријавено за исчезнато во понеделникот е најдено загинато откако со возилото се превртело во амбис кај Катланово, додека во друга несреќа пешак во скопско е тешко повреден, соопшти во вторникот министерството за внатрешни работи чиј билтен содржи вкупно три сообраќајни инциденти.
Лице претходно пријавено за исчезнато во понеделникот е најдено загинато откако со возилото се превртело во амбис кај Катланово, додека во друга несреќа пешак во скопско е тешко повреден, соопшти во вторникот министерството за внатрешни работи чиј билтен содржи вкупно три сообраќајни инциденти.
Во понеделникот сообраќајната полиција добија пријава за сообраќајна незгода на автопатот Скопје – Велес, по тунелот„Катланово“ во која 45-годишниот Р.Ч. од Скопје управувајќи „рено 9“ со скопски регистерски ознаки излетал надвор од коловозот и се превртел во провалијата покрај автопатот.
Во незгодата мажот од здобиените повреди починал на самото место. Увидот е извршен од страна на увидна екипа од СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Инаку ова лице предходно било пријавено како исчезнато во Полициската станица „Кисела Вода“. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Министерството за внатрешни работи потврди дека телото на починатото лице пронајдено вчера кај Катланово е на Робертино Чонтев), потполковник во АРМ, кој беше пријавен за исчезнат на 24-ти јули.
Во понедленикот околу 9,20 часот во селото Семениште на стариот пат дошло до сообраќајна незгода во која возило „пежо“ со скопски регистерски ознаки управувано од 32-годишниот О.С. удрило во пешакот 55-годишниот И.А. од Семениште.
Во незгодата пешакот се здобил со тешка телесна повреда фрактура на лево стапало и лево рамо, и бил пренесен во скопската Градска општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош, додека возачот се здобил со телесна повреда
Речиси истовремено во понеделникот на магистралниот пат на емсноста Пејковица, во атарот на селото Пирава се случила сообраќајна несреќа во која 45-годишен романски државјанин со БМВ“ со романски национални ознаки излетал надвор од коловозот. Во незгодата за среќа нема повредени лица./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.