Македонија
Бугарското МНР: Говорот на омраза од трибините во Скопје е во спротивност со европските принципи
Бугарското Министерство за надворешни работи го осудува исвиркувањето на бугарската химна на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Бугарија и Македонија во Скопје.
Од тамошното министерство велат дека говорот на омраза против Бугарија и Бугарите од трибините на националниот стадион во Скопје претставува недвосмислено негирање на основните вредности на современите демократски општества и јасно е во спротивност со европските принципи и норми на однесување.
„Ја добивме реакцијата на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, со која се осудува говорот на омраза за време на фудбалскиот натпревар. Истовремено, повикуваме на решителни и неповратни чекори на официјалните власти во Скопје за искоренување на антибугарската агресија на јавниот простор на државата“, се наведува во соопштението на бугарското МНР.
Во таа насока потсетуваат дека со договорот од 2017 година и билатералните протоколи потпишани во 2019 и 2022 година двете земји категорично се залагаат за преземање ефективни мерки против говорот на омраза.
„Зачувувањето на напредокот постигнат во последните месеци во политичкиот дијалог бара ваквите настани засекогаш да станат минато. Само во овој дух двете земји ќе може да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и добрососедство“, се додава во соопштението на бугарското МНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

