Спорт
Мората и Шпанците ја шокираа Португалија, Влаховиќ и Митровиќ ја однесоа Србија во Лига А
Шпанија успеа да се пласира во завршницата на Лигата на нации на УЕФА, откако во соседското дерби стигнаа до тешка 0:1 победа на гости кај Португалија, ставајќи крај на надежите на тимот на Кристијано Роналдо за борба за титулата.
Во израмнетиот меч без многу шанси, клучен беше потегот на селекторот Луис Енрике да го внесе во игра, Нико Вилијамс, кој во 88. минута фантастично му асистираше на Алваро Мората за голема победа на „фуријата“, која доаѓа по неочекуваниот домашен пораз од Швајцарија.
Нови членови на Лига А, пак, ќе се репрезентациите на Србија и на Шкотска. Србија со головите на Душан Влаховиќ и неизбежниот Александар Митровиќ стигна до 0:2 победа на гости кај Норвешка, додека Шкотите го обезбедија пласманот по тешкото 0:0 реми на гости кај Украина.
ЛИГА НА НАЦИИ, УЕФА
ЛИГА А, ГРУПА 2
Португалија – Шпанија 0:1
Швајцарија – Чешка 2:1
ЛИГА Б, ГРУПА 1
Ирска – Ерменија 3:2
Украина – Шкотска 0:0
ЛИГА Б, ГРУПА 2
Албанија – Исланд 1:0
ЛИГА Б, ГРУПА 4
Норвешка – Србија 0:2
Шведска – Словенија 1:1
ЛИГА Ц, ГРУПА 2
Грција – Северна Ирска 3:1
Косово – Кипар 5:1
Morata is about to end the draw streak between Portugal vs Spain ????
What a goal c’mon #PORSPA pic.twitter.com/EkcCAPuWxg
— Dayveedchukz ???????????? (@Arsenal_Dayveed) September 27, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА размислува за укинување на продолженијата во ЛШ, ама дури од 2027
Како што пренесува Гардијан, Европската куќа на фудбалот размислува да ги укине продолженијата во нок-аут фазата во Лигата на шампиони, но промената би можела да се случи дури во 2027 година.
Во последно време, фудбалерите се повеќе го креваат гласот поради згуснатиот распоред, па УЕФА разгледува опции како да ги намалат минутите кои се играат.
Како што пренесува Гардијан, Европската куќа на фудбалот размислува да ги укине продолженијата во нок-аут фазата во Лигата на шампиони.
Еднa ваква промена би се случила само откако ќе заврши сегашниот циклус натпревари, односно дури во 2027 година.
Спорт
Мартинез во аут до крајот на сезоната
Лисандро Мартинез заработи нова тешка повреда и нема да се врати на терените до крајот на сезоната.
Аргентинскиот дефанзивец заработи повреда на вкрстените лигаменти на левата нога во поразот од Кристал Палас (0:2), во неделата. Манчестер јунајтед потврди дека нема да може да смета на него до крајот на сезоната.
Ова е петта повреда за Мартинез откако пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година.
Оваа сезона одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и забележа две асистенции.
РЕ-Наши фаци
Македонецот Ервин Цого останува селектор на швајцарската 3х3 репрезентација до 2028: „Целта е да одиме на Олимпијада“
Македонскиот баскетџија, Ервин Цого, го продолжи договорот со Швајцарскста кошаркарска федерација и ќе остане селектор на машката 3х3 репрезентација до 2028-ма година.
Цого, кој го презеде кормилото на 3х3 репрезентацијата на почетокот на 2024, во првата година како селектор успеа да ги освои квалификациите за Европското првенство, и на шампионатот да го освои 4. место со швајцарската репрезентација.
За новите предизвици, Цого вели: „Договорот е до 2028-ма, а 2028-ма е година на Олимпијадата, па се надевам на квалификација на најголемото спортско натпреварување, бидејќи 3х3 е веќе олимписки спорт. Летово ќе играме квалификации за Европското првенство во Букурешт на 7 и 8 јуни, а после тоа одиме на Светското првенство во Монголија, кое ќе се игра на 22 и 23 јуни. Обезбедивме учество на Светско, откако лани завршивме четври на Европското првенство и добивме директен тикет за на Светско. Играчите во тимот и годинава се исти – шест играчи се во конкуренција, од нив 4 ќе бидат избрани за натпреварување. Се познаваме сите добро, имаме добра хемија во тимот. Со добра хемија и желба за успех, може да изненадиме секого и да дојдеме до големи успеси“.
За потсетување, Ервин Цого беше член на македонската 3х3 репрезентација – тој во летото 2023 ја заврши својата репрезентативна кариера по настапот со националниот тим на турнир во Братислава.