Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Дезертерот Ковачевски да одговори според кој НАТО-стандард огранокот на СДС Арачиново регрутира професионални војници
„Скандал и срам, партијата на дезертерот Ковачевски регрутира професионални војници преку општински ограноци“, реагираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
На фејсбук-страницата на СДС Арачиново, како што додаваат од оваа партија, е објавено известување до членовите на СДС од Арачиново со информација сите тие коишто се јавиле на огласот за професионални војници во АРМ, да се јават кај претседателот на СДС Арачиново!
Ова, според опозициската партија е срам за македонската армија.
„Ова е доказ дека СДС партизира сè, од чистачка до министер. Устата им е полна за стандарди и НАТО, а огласите за професионални војници им поминуваат низ штапски филтер во огранок како Арачиново. Каде е министерката Славјанка Петровска, каде е дезертерот Ковачевски да кажат според кој НАТО-стандард огранокот на СДС во Арачиново регрутира професионални војници во АРМ?“, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„И од дезертерот Ковачевски да е, премногу е! Единиците на АРМ ги претворија во партиски штабови. Да беа нормална влада, каква што не се, уште синоќа ќе фрчеа оставки. За ваков скандал оставка треба да си поднесат и дезертерот Ковачевски и министерката Славјанка Петровска во пакет. Треба да знаат дека ако бегаат, нема да избегаат од одговорност. Народот ќе ги казни сурово на следните избори и за овој скандал и за целата катастрофална состојба во која ја донесоа државата“ , се истакнува во напишаното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

