Свет
Полскиот премиер за истекувањето на гасоводот Северен тек: Јасно е дека се работи за саботажа
ЕУ ќе ја зајакне заштитата на својата енергетска инфраструктура по инцидентите кои предизвикаа истекување на гасоводот Северен тек, изјави високиот претставник на Унијата за надворешна политика, Жозеп Борел. Без работа поради војната во Украина, гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 што ги поврзуваат Русија и Германија преку Балтикот беа погодени од две подводни експлозии, а Европската Унија во средата вети силен одговор на „саботажата“, пренесуваат агенциите.
Во околината на данскиот остров Борнхолм, меѓу југот на Шведска и Полска, забележани се три места каде што истекува гасот, а меурите биле видливи на површина со пречник од 200 метри до еден километар, соопшти претходно данската армија.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки укажува на руската вмешаност. „Јасно е дека станува збор за саботажа, која најверојатно ја најавува следната фаза на ескалација на ситуацијата во Украина“, рече Моравјецки, кој во вторникот го отвори гасоводот што ги поврзува Норвешка и Полска.
„Сите достапни информации покажуваат дека овие протекувања се резултат на намерно дело“, се вели во соопштението на Жосеп Борел. „Ќе ја поддржиме секоја истрага што има за цел целосно да разјасни што се случило и зошто и ќе преземеме дополнителни чекори за да ја зголемиме нашата отпорност во енергетската безбедност“, додава тој.
Борел вели дека секое намерно нарушување на енергетската инфраструктура на Европа е целосно неприфатливо и ќе биде дочекано со „силен и унифициран одговор“.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, на Твитер напиша дека со данската премиерка Мете Фредериксен „разговарала за саботажа на двата гасоводи“.
„Клучно е да се истражат овие инциденти и да се направи сè за да се расветлат околностите што доведоа до нив, секое намерно нарушување на европската енергетска инфраструктура е неприфатливо и ќе предизвика најсилна можна реакција“, рече Фон дер Лаен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

