Свет
Гутереш: Иран да се воздржи од употреба на сила врз демонстрантите
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го повика Иран да се воздржи од употреба на „непотребна и непропорционална сила“ против демонстрантите, кои протестираат поради смртта на младата жена по приведувањето, соопшти денеска неговиот портпарол Стефан Дижарик.
Гутереш смета дека иранските власти треба брзо да спроведат непристрасна истрага за смртта на Маша Амини (22), која беше уапсена поради неправилно носење хиџаб, по што падна во кома и почина на 16 септември.
Протестите за нејзината смрт се проширија од 17 септември во најмалку 46 градови и села во Иран, при што загинаа најмалку 41 човек, а околу 900 беа повредени во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд мора да се почитуваат
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел, денеска ги повика сите земји членки на ЕУ да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не можеме да го поткопаме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да има правда на глобално ниво“, рече Борел, чиј мандат завршува овој месец, по што Каја Калас ќе ја преземе функцијата шеф на европската дипломатија.
Борел додаде дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд не се политички, туку дека тој е правно тело формирано од угледни луѓе, кои се најдобри во професијата судии, пренесува „Ројтерс“.
Свет
Германските компании сè повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и сè повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот што ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде што поради падот на нарачките, се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои и две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои и две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и заринка на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, а бројот на патниците на бродот сè уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража почна спасувачка операција користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.