Црна хроника
Шверцер на мигранти прегази полицајци кај Катланово, повредени повеќе лица

Вчера, на автопатот Пријателство, во близина на селото Катланово, Скопско, М. М. (24) од Идризово, управувајќи патничко возило „форд фокус“, со украдени регистарски таблички во Велес, во правец од Велес кон Катланово не застанал на знакот за запирање даден од полициски службеници и со возилото удрил во две полициски службени возила и во двајца полициски службеници.
Притоа, како што соопшти МВР, тешки телесни повреди добиле М. М. и еден полициски службеник, а телесни повреди добиле друг полициски службеник и осум лица мигранти, што ги превезувал во возилото, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Увид бил извршен и по целосно документирање и расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.