Спорт
„Хумел“ го објави данскиот дрес за Катар: Не сакаме да сме видливи на турнир што чини илјадници животи

Данската компанија за спортска опрема „Хумел“ го објави данскиот дрес за мундијалот во Катар со посебен дизајн, со кој сакаат да испратат протест за човековите права во земјата домаќин вклучувајќи и целосно црн дрес за „жалење“.
„Со новиот дрес на данската репрезентација сакаме да пратиме двојна порака. Инспирацијата доаѓа од Евро 92, најславниот дански фудбалски успех, но и како протест против Катар и нивните човекови права. Затоа ги намаливме сите детали на дресот вклучувајќи го нашето лого. Не сакаме да бидеме видливи на турнир што чини илјадници човечки животи. Ја поддржуваме данската репрезентација до крај, но тоа не е исто како да се поддржува Катар како земја домаќин. Сметаме дека спортот треба да ги зближува луѓето. Кога не го прави тоа, сакаме да го кажеме нашиот став“, се вели во објавата на „Хумел“.
Тие додадоа: „Црна! Бојата на жалењето. Совршената боја за третиот дрес на Данска“.
This shirt carries with it a message.
We don’t wish to be visible during a tournament that has cost thousands of people their lives.
We support the Danish national team all the way, but that isn’t the same as supporting Qatar as a host nation. pic.twitter.com/7bgMgK7WzS
— hummel (@hummel1923) September 28, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Езе за 60 милиони евра се сели во Тотенхем

Прашање на денот е кога најдобриот играч на Кристал Палас, Еберечи Езе ќе се пресели во Тотенхем. Клубот од северен Лондон бара замена за Џејмс Медисон, кој ги повреди лигаментите пред две недели и според прогнозите веројатно нема да игра оваа сезона.
Според медиумите на островот, англискиот репрезентативец постигнал договор со Тотенхем, сега чека истото да го направат клубовите. Работата е во завршна фаза, а вредноста на трансферот ќе биде околу 60 милиони евра плус седум милиони, кои Кристал Палас ќе ги добие преку разни бонуси.
Езе дојде во Кристал Палас во 2020 година од Квинс Парк Ренџерс за 20 милиони евра и постигна 39 гола на 167 натпревари.
Тој беше еден од најзаслужните за изворедната сезона во која тимот од Лондон го освои ФА Купот, што беше првиот трофеј во историјата на клубот. Неодамна, по победата над шампионот Ливерпул беше освоен и Комјунити Шилд. Одигра 11 натпревари за репрезентацијата на Англија и постигна еден гол.
Палас веќе ја започна потрагата по негова замена, а првите опции се Христос Цолис од Клуб Бриж и Билал Ел Ханус од Лестер.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Анчелоти не го повика Винисиус во бразилската репрезентација

Карло Анчелоти, селекторот на Бразил, одлучи да се откаже од еден од своите најдобри фудбалери за септемврискиот циклус квалификации за пласман на СП.
Винисиус Жуниор нема да биде во составот за натпреварите против Чиле и Боливија како дел од квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во 2026 година.
Еден од најдобрите фудбалери на Бразил е суспендиран за натпреварот против Чиле, но чудно е што не е на списокот за вториот натпревар.
Анчелоти и Жуниор работеа заедно во Реал неколку години, а токму Бразилецот е најзаслужен за освојувањето на Лигата на шампионите во 2024 година.
Не е познато дали оваа одлука италијански стратег ја донел сам или во договор со играчот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Пјастри ќе добие своја трибина на патеката во Мелбурн

Организаторите на трката во Формула 1 во Австралија објавија дека почнувајќи од следната сезона, една од трибините на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн ќе го носи името на возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој моментално е водечки во генералниот пласман во Формула 1.
Трибината Пјастри ќе биде сместена на главниот правец, вклучувајќи ги и најексклузивните места, а воедно и најблиску до стартната линија.
Патеката во Мелбурн веќе има неколку трибини именувани по австралиски возачи како што се Џек Брабам, Артур Вајт, Алан Џонс, Марк Вебер и Даниел Рикардо, додека од останатите возачи, Аргентинецот Хуан Мануел Фанџо има своја трибина.
По 14 трки оваа сезона, Пјастри води во шампионатот во Формула 1 со 284 поени, додека неговиот британски колега Ландо Норис е втор, со девет поени помалку.
Пјастри има можност да стане првиот шампион во Формула 1 кој не е од Европа, по Канаѓанецот Жак Вилнев, кој ја освои титулата во 1997 година.
Последната титула на Австралија во Формула 1 и ја донесе Ален Џонс со Вилијамс во далечната 1980 година.
Шампионатот во Формула 1 продолжува на 31 август со Големата награда на Холандија.
Foto/ EPA/Boglarka Bodnar