Економија
(Видео) Вонредна прес-конференција на Ковачевски: Парно ќе има, училиштата ќе бидат на регулираниот пазар
Економско-енергетскиот совет донел одлука дека на 15 октомври почнува грејната сезона во Скопје и парно ќе има бидејќи е почната постапка за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар. Ова го соопшти премиерот Димитар Ковачевски по што побара институциите да дадат зелено светло за ЕСМ да работи со топланите. Над 70.000 компании со промет до 2 милиона евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија, со помала цена од берзанската.
„Преговорите со ‘Адора’ и ЕСМ се одвиваат. ЕСМ ќе го преземе затоплувањето на градот Скопје. Врз основа на Законот за енергетиката топланите ќе бидат ставени во функција. Државата ќе ги земе под закуп“, изјави Ковачевски.
Дополнително, на регулиран пазар ќе бидат основните и средните училишта, без разлика што тие се под ингеренции на општините. Во јавните здравствени установи ќе има струја по поволна цена, помала од берзанската.
„Заврши времето на изобилство со електрична енергија. Сега е време за штедење за да имаме електрична енергија. Сакам да им укажам на Собранието и на пратениците од сите партии да се охрабриме и да се обединиме за граѓаните, па пред седницата да се изгласаат финансиските средствата од ЕБРД за справување со енергетската криза по поволна каматна стапка, измените на Законот за нафтата и нафтените деривати. Ова не е време за политички поени, туку на разум. Ова е прв сет на мерки. Се грижиме за ранливите категории граѓани за кои ќе има дополнителен сет на мерки“, рече Ковачевски.
Тој упати апел за штедење струја. Според него, заштедените пари ќе го подобрат квалитетот на животот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Биткоинот силно паѓа
Биткоинот денес падна на најниско ниво за повеќе од шест месеци, бидејќи инвеститорите ја намалуваат изложеноста на ризични средства поради неизвесноста околу следниот потег на Федералните резерви на САД. Водечката криптовалута во светот падна на 86.325,81 долари, што е најниската вредност од 21 април. Цената подоцна се стабилизираше на околу 86.690 долари.
XRP падна за 2,3%, додека етерот изгуби повеќе од 3% од својата вредност и се тргува далеку под нивото од 3.000 долари.
Во исто време, главните индекси на Волстрит забележаа падови, откако почетниот ентузијазам предизвикан од импресивните резултати на технолошкиот гигант Nvidia брзо исчезна.
Веројатноста дека биткоинот ќе ја заврши годината под 90.000 долари се зголеми на 50%, според податоците од платформата за опции Derive.xyz, бидејќи трговците сè повеќе се заштитуваат од понатамошни падови, објавува „Ројтерс“.
Биткоинот е во опаѓачка траекторија од почетокот на октомври, кога достигна рекордно високо ниво од 126.223,18 долари. Изгуби повеќе од 7% од својата вредност од почетокот на годината и е на пат да го забележи својот прв годишен пад од 2022 година.
Една од главните причини за падот на биткоинот е попретпазливиот став на неколку претставници на Федералните резерви на САД, кои предупредуваат на сè уште превисока инфлација во САД и советуваат воздржаност во понатамошните намалувања на каматните стапки. Ова ги намали пазарните очекувања и изврши притисок врз биткоинот и другите ризични средства како што се акциите.
Економија
Бислимоски – Сјаојен: Енергетската транзиција е приоритет број еден
Над 55 % од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори и определбата на земјава е јасна дека енергетската транзиција е приоритет број еден – е пораката што претседателот Марко Бислимоски и членовите на РКЕ ја истакнаа на средбата со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Соговорниците ги споделија искуствата во секторот, истакнувајќи дека полето на соработка може да се прошири, ако се земе во предвид дека материјали со кинеско производство се повеќе се употребуваат при реализација на значаен дел на инвестициите во енергетиката.
„Инвеститорите се добредојдени во земјава, но соработката мора да биде базирана на законските прописи кои се синхронизирани со европските правила што подразбираат јавни и транспарентни тендерски постапки “ посочи Бислимоски.
На средбата се разговараше и за тоа како новите технологии – паметните мрежи, батериите за складирање на електрична енергија, можат да придонесат за побрза енергетска транзиција
Економија
Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади
Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства се искачуваат на 80.548 денари.
За храна и пијалоци се издвојуваат 23.534 денари, додека 6.130 денари се потребни за режиски трошоци, соопшти Сојузот на синдикатите, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.
Во однос на минатиот месец, кога за покривање на основните трошоци биле потребни 65.544 денари, сега е забележано намалување од 371 денар.

