Спорт
Сестрата на Роналдо контра Португалците: Вие сте болни, бездушни, глупави и бескрајно неблагодарни

По критиките што ги доживеа Кристијано Роналдо од португалските медиуми, но и од португалските навивачи по слабите перформанси во националниот дрес, сестра му Катја Авеиро ги обвини навивачите дека се „болни, бездушни и бескрајно неблагодарни“ инсистирајќи дека тој останува „најдобар играч на светот“.
Роналдо има катастрофален старт на сезоната 2022/2023 откако за Манчестер јунајтед поголемиот дел го поминува на клупата, а во вторникот пропушти неколку шанси за Португалија да загуби со 0:1 од Шпанија за да пропушти пласман на завршницата на Лигата на нациите. Авеиро се јави на „Инстаграм“.
„Тој ги има своето семејство и оние што го сакаат покрај него. Секогаш ќе бидат покрај него, без разлика на тоа што се случува. Но, во сегашно време ништо не ме изненадува. Португалците плукаат на чинијата од која јадат, секогаш било така. Затоа, кога ќе дојде некој што ќе го смени менталитетот, тоа ви пречи. Со тебе, секогаш, кралу. Смирете се. Потребно е да му се подаде рака некому кој секогаш ѝ помагал на Португалија. Но, Португалците се болни, ситничави, бездушни, глупави и бескрајно неблагодарни. Ова е човек што седи, кој е на колена, а нема кој да му подаде рака“, вели Авеиро.
Роналдо останува најдобар стрелец во историјата на Португалија со 117 гола и беше капитен на репрезентацијата, која го освои Европското првенство во 2016 и ја освои првата титула од Лигата на нациит во 2019 година.
Фернандеш во одбрана на Роналдо по насловот „Помалку Роналдо, повеќе Португалија“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Синер му предаде на Алкараз, Шпанецот го освои Синсинати

Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати.
Во финалето, Алкараз славеше по само дваесет минути игра против најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата Јаник Синер.
Синер го предаде натпреварот при водство на Алкараз 5:0 во првиот сет. Се уште не е познато за каква повреда станува збор.
Италијанецот се држеше во неколку наврати во пределот на стомакот, па може да станува збор и за вирус. Како и да е, тој донесе одлука дека е подобро да се предаде и да не го загрози својот настап на Отвореното првенство на САД.
Што се однесува до самиот натпревар, тие дваесетина минути минаа во целосна доминација на Алкараз.
За краток период, тој направи дури три брејка против противник кој, во најголем дел, само статираше на теренот.
Пред последниот гем во првиот сет, во кој Алкараз требаше да сервира, Синер седна на клупата и му рече на судијата Мохамед Лајани дека му е жал за навивачите, но дека не може да продолжи.
Тој исто така нагласи дека морал да се обиде, што имплицира дека здравствените проблеми се појавиле пред почетокот на мечот.
Foto/ X
Спорт
Интер сака да го врати Онана

Интер наводно повторно ја следи ситуацијата со својот поранешен голман Андреа Онана откако Манчестер јунајтед го изостави од составот за отворањето на сезоната во Премиер лигата.
Според „Сан“, италијанскиот клуб внимателно го следи неговиот статус бидејќи има сè повеќе шпекулации за иднината на Камерунецот на „Олд Трафорд“. Се додава дека Интер е заинтересиран за враќање на 29-годишникот, кој замина во Јунајтед во 2023 година.
Од неговото доаѓање, тој не ја оправда отштетата од 56 милиони евра, а со оглед на тоа што тренерот на Интер бара нов голман, додека Јан Сомер во моментов е прв избор, враќањето би можело да стане реална опција.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лукаку ќе го пропушти првиот дел од сезоната

Тежок удар за Наполи пред почетокот на сезоната во Серија А во која ја бранат титулата. Ромелу Лукаку се повреди и го очекува подолга пауза.
Напаѓачот кој минатата сезона забележа дабл-дабл учинок од 14 гола и 11 асистенции го повреди квадрицепсниот мускул и ќе му биде потребна операција. Се очекува да отсуствува четири до пет месеци.
Огромен проблем за Конте и Наполи. Бидејќи сега Наполи како класичен напаѓач го има само Лоренцо Лука засилувањето од Удинезе.
Затоа е јасно дека Наполи ќе мора да се активира на пазарот. Според првите информации, целта е Расмус Хајлунд од Манчестер јунајтед. Идејата на Наполи е да го доведе на позајмица.
Сепак, Наполи не е единствениот што е заинтересиран за Данецот. Милан е во игра веќе некое време и преговара со „црвените ѓаволи“ и го сака Хојлунд во случај да не постигнат договор со Душан Влаховиќ. Како што стојат работите, Хојлунд е на добар пат да се врати во Серија А.