Спорт
МЗТ Скопје преку ТФТ до петта титула од Суперкупот
МЗТ Скопје Аеродром ги издржа сите обиди на ТФТ Скопје за враќање во последната четвртина за петтипат да го освои трофејот од Суперкупот на Македонија, „Драган Василов-Цевка“, триумфирајќи со 100:82.
Во фуриозниот старт на мечот тимот на Александар Петровиќ направи предост од 29:14 за потоа ТФТ Скопје да се обиде да фати приклучок во мечот. Во последната четвртина се влезе со 73:63 предност за „металците“ и иако клубот од Тафталиџе успеа да се доближи на само пет поени (76:71) до фаворитите, на крајот МЗТ го крена нивото и не дозволи ТФТ Скопје да направи нова сензација како триумфот во Купот на Македонија минатата сезона.
Претходно, кошаркарките на Баскет Кам ја освоија титулата во женска конкуренција кога во интересен и неизвесен меч во СРЦ „Кале“ стигнаа до 69:61 победа над лутите ривалки од Бадел 1862.
Фото: КФМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Салах: Да останеме скромни и титулата ќе дојде
Мохамед Салах ја коментираше ситуацијата во англиската Премиер лига по Боксинг Деј.
Ливерпул го победи Лестер со 3.1 и ја зголеми предноста на врвот, од второпласираниот Челзи на седум бода повеќе и натпревар помалку.
„Ливерпул, Ливерпул, прв во Премиер лигата“, скандираа навивачите кога Куртис Џонс во својот 100. меч за клубот постигна гол за пресврт против Лестер (2:1).
Точка на на натпреварот со својот 19. гол стави Мохамед Салах, тој има и 15 асистенции на 25 натпревари оваа сезона.
Египќанецот игра во неверојатна форма и покрај тоа што не крие дека е незадоволен што се уште клубот не му понудил нов договор.
„Денес се чувствувам поинаку отколку пред пет години. Таа сезона беше посебна за мене бидејќи сите сонуваа за титулата. Секако дека сакам да ја освојам титулата, сите го сакаме тоа. Но сега најважно е да останеме скромни, да продолжиме да победуваме и се надевам дека титулата ќе дојде. Мора да одиме натпревар по натпревар“, изјави Салах.
Ливерпул Божик го дочека како лидер на табелата, слично беше и во сезоната 2018/2019, тогаш „црвените“ имаа десет поени предност пред Сити на крајот ја осоија титулата.
Спорт
Гулит: На американските газди важни им се парите, не го разбираат фудбалот
Легендарниот Руд Гулит остро ги критикуваше американските сопственици на фудбалски клубови во Европа. Славниот Холанѓанец посебно се осврна на сопственикот на Милан, Гери Карневале, со оглед на тоа што се прослави како играч во италијанскиот великан.
Гулит играше за Милан во најславната ера на клубот, кога со клубот раководеа Силвио Берлускони и Адријано Галијано.
„Берлускони беше еден од најдобрите претседатели што можам да ги замислам. Доаѓаше на тренинг секоја недела, разговараше со нас и беше навистина харизматичен. Тој заврши одлична работа. Мило ми е што имав шеф како него. Истата харизма ја има и актуелниот претседател на Реал Мадрид (Флорентино Перез). Важно е да се има водечка фигура која вистински го сака клубот, личност која точно знае што треба да се направи за да се пренесе таа страст во тимот. Ова им е заедничко на двајцата“, рече Гулит.
Сопственикот на Милан Гери Карневале неодамна изјави дека е бизнисмен и дека заработувањето пари е негова главна цел, а не освојување трофеи. Познатиот клуб овој месец го прослави својот 125 роденден, а на прославата присуствуваа бројни клупски легенди, но не и сопственикот на клубот кој живее во Америка, што ги налути навивачите.
„Денес, клубовите често се во сопственост на Американци кои купуваат клубови за да заработат пари, а не поради нивната историја. Понекогаш работите стануваат многу потешки. Не е случајно што меѓу најсилните постои таква личност што го сака клубот, но ја знае и неговата историја“, изјави Гулит.
Спорт
Хил: Шумахер правеше да се чувствував бескорисно и неталентирано
Дејмон Хил е еден од најпознатите Формула 1 возачи во историјата. Во интервју за „Билд“, Хил зборуваше за ривалството со Михаел Шумахер. Особено незаборавно беше Австралиското ГП во 1994 година, кога Хил и Шумахер се судрија и двајцата останаа без бодови. Тоа му одеше во корист на Германецот, кој на тој начин ја обезбеди титулата.
„Јас и Михаел одлично се согласувавме, но на патеката се мразевме“, започна Хил.
„Со било каков друг вид на размислување, невозможно е да се стане светски шампион. Нема простор за добрина. Мора да ја искористите секоја слабост на другиот возач. Михаел беше мајстор на тие психолошки игри. Тој често правеше да се чувствувам бескорисно и неталентирано“.
Сепак, на крајот имаше неколку убави зборови за својот стар ривал.
„Беше исклучително конкурентен, но надвор од патеката беше многу топла личност“.
Шумахер во кариерата освои дури седум светски титули, што и денес останува рекорд. Неговиот рекорд го израмни Луис Хамилтон. Хил во кариерата освои една титула светски шампион, онаа од 1996 година во болидот на Вилијамс.