Македонија
Жестоко препукување на директорот на ЈСП и советник на ВМРО-ДПМНЕ за автобуските линии
Жестоко препукување помеѓу новиот в.д. директор на ЈСП Александар Стојкоски, кој е кадар на градоначалничката Данела Арсовска и советници од ВМРО-ДПМНЕ.
На Советот на Град Скопје се зборуваше за ставање во функција на нови автобуски линии по барање на граѓаните. В.Д. директорот на ЈСП Стојкоски реагираше дека има неисплатливост и бараше советниците да им објаснат на граѓаните кога истите ќе бидат укинати. А советникот Филип Јаневски од ВМРО-ДПМНЕ му врати: „Нема да ја укинете линијата ако ние тоа не го дозволиме. Значи Господ да ви се јави на сон и да ви каже да ја укинете прво ќе дојдете тука да прашате, дали 23 советници ќе одлучат.
„Имаше иницијатива за број 2 да иде до Ченто. Ќе добиете изработен елаборат колку е загуба на еден автобус. И вие само поднесувате иницијативи, а не прашувате дали тоа е исплатливо или не, не оставате ЈСП да преговара“, рече Александар Стојкоски, в.д. директор на ЈСП.
Советникот Филип Јаневски му кажа дека и воведната линија 2Б на ЈСП, не може да се види по градските улици.
„Сите овде, членови на Советот сме избрани од граѓаните. Директорите се именувани функционери. Настапот на директорот од оваа говорница е: ‘поднесувате иницијативи…’, па извинете ако поднесуваме иницијативи. Да си одиме дома ако не? Што се однесува на иницијативата за продолжување на двојка до Ченто, на 31 август на седницата имавте можност да излезете и да кажете дали е исплатлива, дали не е, дали може да се изведе или не. Вие не земавте збор. 37 советници гласаа ‘за’ и ја донеле најдобрата одлука. Одлуките на Советот се обврзувачки за сите. Во иницијативата стои дека треба да доставите предлог-одлука во рок од 30 дена, за продолжување на двојка, а не за воведување нова линија 2б, која помпезно ја најавивте. 24 поминаа откако наводно ја воведовте таа линија, јас не сум сретнал човек кој видел како изгледа тој автобус. Јас го чекав и утрово, го нема, не постои. Не го виделе ниту во Чаир ниту во Ченто. Вие не сте задолжен за тоа дали е исплатливо или не, туку да спроведете“, Јанески.
В.Д. директорот на ЈСП посочи дека нема исплатливост, па тоа е причината поради што по кратко време се укинуваат линии, но и дестинациите на кои се обраќаат сега автобусите – ќе бидат скратени.
„Во Шуто оризари гравитираат дневно 21 автобус, имаме по 3.400 валидации. Дали е тоа доволно за да биде оваа линија рентабилна? Вие како советници го договаравте договорот со приватните превозници. Фрапантни се анализите кои ги правиме, а тоа е дека во ниту еден приватен автобус нема фискален апарат. Со тоа е нанесена штета на ЈСП. Во врска со предлогот кој го поддржувам за подобрување на градскиот превоз во Шуто Оризари, ние со градоначалникот разговаравме и кажавме на кој начин тоа ќе го решиме. Вие кажете ни дали ние треба да купиме нови возила за да го опслужиме Шуто Оризари или ќе може градоначалникот да премести 50 кабли за да добие поквалитетен превоз. Како што сме постапиле со 2б, како што барате и за 19А да оди до Клинички центар, ќе ве молам кога ќе излеземе со анализа дека е таа неисплатлива, ќе ве молам вие да им објасните на граѓаните зошто ќе биде укината“, рече в.д. директорот на ЈСП.
Советникот Малиша Станковиќ од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во изборната програма на Арсовска е најавено дека автобусите ќе бидат достапни за сите.
„Во програмата беше најавено бесплатен превоз во ЈСП и во втората точка беше дека ќе се направи достапност до сите места на ЈСП за граѓаните. Не знам зошто директорот бара да правиме анализа за рентабилност за линијата 19 и 2. Не знам зошто имаме одредена реакција. Па нели ќе ја реализираме програмата? За неа сме гласале и сме се бореле, за неа сме се бореле, се надевам иницијативата ќе биде поддржана од сите“, кажа Станковиќ.
Советникот Јанески му укажа на в.д. директорот на ЈСП дека самоволието кај него е евидентно.
„Се навлегува надвор од ингеренциите на директорите на јавните претпријатија. Како кажа: ‘Кога ќе видите дека нема рентабилност објаснете им на граѓаните зошто ќе ја укинеме линијата’. Нема да ја укинете линијата ако ние тоа не го дозволиме. Значи Господ да ви се јави на сон и да ви каже да ја укинете прво ќе дојдете тука да прашате, дали 23 советници ќе одлучат. Затоа што нас е легитимитетот и одговорноста. Не може самоволие да демонстрирате. Повлечете поука од пред 2-3 недели кога наводно самоволие резултираше со разрешување. Кај вас е директно и јасно самоволието“, рече Јанески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време во Македонија – утре дожд и снег, нов бран врнежи од вторник
Времето утре променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег.
Македонија
Демант на Министерството за социјална политика, демографија и млади во врска со ЈУМЦСР Тетово
Министерството за социјална политика, демографија и млади најостро ги демантира наводите изнесени во јавноста за наводно непостапување по случајот во ЈУМЦСР Тетово.
„Ваквите обвинувања се целосно неосновани, неточни и спротивни на фактите.
Инспекторите од Инспекциската служба при Министерството за социјална политика, демографија и млади редовно вршат инспекциски надзори од сите видови (редовни, вонредни и контролни) во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, како субјект на инспекциски надзор.
Во рамки на овие надзори, меѓу другото, континуирано се врши инспекциски надзор над постапките за остварување на правата од парични давања, и тоа: правото на гарантирана минимална помош, правото на социјална сигурност за старите лица и правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице.
Во спроведените инспекциски надзори (редовни, вонредни и контролни) континуирано се изрекуваат соодветни инспекциски мерки со цел отстранување на констатираните неправилности. По исцрпување на инспекциските мерки, согласно законските одредби, се преземаат мерки за утврдување одговорност и поведување соодветни постапки против сторителите на утврдените повреди, вклучително и поднесување соодветни пријави до надлежните органи. Притоа, поголем дел од кривичните постапки што се водат пред Јавното обвинителство се иницирани од инспекторите од Инспекциската служба при Министерството, самостојно или во соработка со Јавното обвинителство.
Во однос на постапките за остварување на наведените права од социјална заштита, инспекторите за социјална заштита од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштитата на децата, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, во текот на 2024 година спроведоа два (2) вонредни инспекциски надзори по поднесени иницијативи од граѓани и шест (6) контролни надзори за следење на спроведувањето на инспекциските мерки изречени со решенија од 2023 година, при што беа утврдени неправилности во 76 предмети. Во 2024 година беа донесени и решенија со кои се изречени инспекциски мерки за уште седум (7) предмети.
Во текот на 2025 година е спроведен еден (1) редовен инспекциски надзор со утврдени неправилности во шест (6) предмети, еден (1) вонреден надзор со утврдени неправилности во пет (5) предмети, како и шест (6) контролни надзори со кои е вршен надзор над спроведувањето на инспекциските мерки изречени со решенија донесени во 2024 и 2025 година.
Во рамки на сите спроведени инспекциски надзори утврдени се неправилности во вкупно 94 предмети. Согласно спроведените контролни надзори, констатираните неправилности се отстранети во 88 предмети, по што инспекциската постапка е запрена. Исклучок претставува еден надзор спроведен во 2025 година, во кој се утврдени неправилности во шест (6) предмети, за кои контролниот надзор ќе се спроведе по истекот на рокот утврден за спроведување на инспекциските мерки.
Важно е да се напомене дека во случаи кога инспекторите ќе констатираат неоснована исплата на средства, ги известуваат/задолжуваат надлежните институции, да постапат согласно законските прописи, како и да се преземат мерки за утврдување индивидуална одговорност и поведување соодветни дисциплински, прекршочни или кривични постапки против одговорните лица, во согласност со важечката законска регулатива“, се вели во демантот.
Македонија
(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев, од позиција на власт, вршеле притисок врз доктор Жан Митрев со цел да му ја одземат сопствената болница.
Стојаноски се повика на интервју на Митрев во кое докторот раскажа дека Филипче и Заев му се заканувале, а институциите ја блокирале неговата лична сметка, како и сметката на болницата. Дополнително, како што наведе, била изречена и забрана за продажба на болницата, која, според сведоштвото, била укината веднаш штом политичарите изразиле интерес за откуп.
„По само една недела, ЈО му ја отстранило забраната. Како е ова можно?“ – праша Стојаноски.
Тој исто така, повикувајќи се на интервјуто, рече дека Филипче и Заев сакале да ја купат болницата по цена далеку пониска од реалната, нарекувајќи го ова уште еден пример за злоупотреба на моќта во време на здравствена криза.
„Додека луѓе умираа секојдневно од КОВИД, тие се занимавале со сценарија за одземање болници“, изјави Стојаноски.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да го истражи случајот и неселективно да постапи.

