Македонија
СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите што работат за граѓаните

СДСМ, пратеничката група и претседателот Димитар Ковачевски подаваат рака за сите што се подготвени да ги надминат своите теснопартиски интереси, да работат за граѓаните и да дадат свој придонес во оваа насока, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека премиерот Ковачевски, парламентарното мнозинсто и коалицијата што ја предводи се целосно посветени и работат на мерки и политики за заштита на стандардот на граѓаните, за помош на стопанството, обезбедување храна, енергенти, струја, парно, на сѐ она што е потребно во пресрет на тешката зима.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса во Собранието. Да се откажат од блокадите, деструкциите и кочењето и да ја покажат најавената конструктивност со конкретни чекори. Тоа е одговорно, тоа е државнички и тоа ќе биде во интерес на сите наши граѓани. Сѐ друго е политиканство и во функција на дневната политика и ќе биде препознаено, велат од СДСМ.
Тие очекуваат оваа најавена конструктивност да се преточи во поддршка на европскиот пат на државата и сите потребни чекори за успешно, брзо и ефикасно завршување на преговорите за полноправно члество во ЕУ.
Државата и сите наши граѓани имаат потреба од единство и заедничко дејствување во однос на соочување со предизвиците од глобалната енергетска и економска криза, како и за стратешките интереси на земјата.
Граѓаните очекуваат работа и резултати. За дуели, дебати и политички престрелки има време, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев се сончаше по плажите додека беснееја пожари

Заев се сончаше по плажите додека беснееја пожари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план за справување со пожари во претстојната сезона, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ.
„Во време на СДС, Заев се сончаше по плажите и не се врати во државата додека во Македонија беснееја пожари. Седум години државата беше оставена без пилоти и со стари возила и технички средства. 7 години двата авиони за гаснење на пожари беа вон функција и без пилоти. 7 години СДС не инвестираше во возила за гаснење на пожари и во технички средства. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на сериозна и целосна трансформација на целиот систем за управување со кризи“, пишува во реакцијата.
Од таму велат дека „Ер тракторите“ моментално се на сервисирање и во краток рок се очекува да има три „ер трактори“ во пресрет на сезоната на пожари.
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и има план за полесно справување во претстојната сезона на пожари“, велат од партијата.
Македонија
Јавно објавен предлог – законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

Предлог законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство пристигна во Собранието, сѐ ќе биде јавно и транспарентно, објави пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Само што пристигна во Собранието – Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерството за реализација на инфраструктурните проекти. Ништо нема да биде скриено до јавноста и секој детал ќе биде јавно објавен и транспарентен. Ова е историски договор. Ова е историска работа за нашата држава“, вели Мицевски.
Заедно со граѓаните, додаде тој, се обврзавме на обнова на Македонија и тоа го правиме секој ден.
„Тие се нашиот партнер. Железница, студентски дом, болници, хидроцентрали и многу нови проекти. После стратешкиот договор со Обединетите Американски Држави – ова е уште еден огромен успех за Република Македонија“, рече Мицевски.
Македонија
Утре ќе биде променливо облачно, в четврток дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд, информира УХРМ.
Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок ќе има услови за локален слаб дожд и ќе дува засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневните температури, особено од недела.