Спорт
Реал Мадрид има проектиран план: За две години Ерлинг Халанд доаѓа на „Бернабеу“

Еден од најголемите фудбалски клубови во светот, Реал Мадрид, направи план да го доведе еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Ерлинг Халанд. Планот е готов, а неговата реализација е проектирана за две години.
Како што пишува шпански „АС“, Реал Мадрид планира во своите редови да го доведе еден од најдобрите напаѓачи на денешницата и играч на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд. „Кралскиот клуб“ е подготвен да одвои 180 милиони евра за него.
„Бидејќи не го исполни сонот да игра за „кралевите“, во договорот со „граѓаните“ стави клаузула дека може да го раскине договорот во летото 2024 година, а откупната клаузула е 180 милиони евра. Тоа е датумот кој Реал го одреди за почеток на операцијата „Потписот на Халанд“. Тоа е висока, но разумна сума за квалитетен стрелец. За две години тој ќе биде целосно подготвен да го замени Бензема“, пишува „АС“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Џикиќ од Грузија доби Орден на честа

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Џикиќ, откако со Грузија се пласира во четвртфиналето на Европското првенство го доби Орденот на честа по предлог на премиерот и претседателот на Парламентот на Грузија.
Селекторот и играчите се наградени со 1.000.000 евра.
Премиерот на Грузија, Иракли Кобахидзе, објави дека владата ќе издвои три милиони лари (околу еден милион евра) за моменталниот резултат, а истата сума ќе биде обезбедена за секој следен чекор на првенството.
„Бидејќи испишавме историја, сакаме да ја одбележиме на вистински начин. Владата ќе ја награди репрезентацијата и за сегашниот и за секој следен успех на Европското првенство“, рече Кобахидзе на состанокот на владата.
За потсетување, Грузија ја победи Франција со 80:70 во осминафиналето, а ќе игра против Финска во четвртфиналето. Натпреварот е закажан за 10 септември, со почеток во 16 часот.
Спорт
Удар за Билбао: Алварез суспендиран поради допинг

Атлетик Билбао до крајот на сезоната ќе биде без стандардниот дефанзивец Јерај Алварез. Алварез е суспендиран поради допинг.
На 1 мај оваа година, по натпреварот со Манчестер јунајтед во полуфиналето на Лигата на Европа, искусниот стопер случајно беше избран за контрола на допинг, а резултатире покажаа дека користел забранета супстанца канренон.
Поради допинг, Алварез доби девет месечна суспензија, што значи дека практично сезоната за него заврши. На фудбалот ќе може да му се врати во април.
На Алварез нема да му биде дозволено ниту да тренира со тимот.
Спорт
Сантош повеќе не е селектор на Азербејџан

Со Португалија, Фернандо Сантос редеше успеси, а откако повеќе не е на португалската клупа, во последните три години беше отпуштен три пати.
Фудбалската асоцијација на Азербејџан потврди дека соработката со Фернандо Сантос е прекината.
Два нерешени резултати и девет порази – тоа е учинокот на Сантос како селектор на Азербејџан. Отказ доби по поразот од Исланд, 5:0.
Откако ја прекина соработката со ФС Португалија, Сантос го водеше Бешикташ – 16 натпревари, а полската репрезентација на само шест.
Со Португалија, Сантос беше европски шампион во 2016 година, а три години подоцна ја освои Лигата на нации.
Foto/ EPA