Македонија
Захариева: Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски

Антибугарскиот бран во Македонија одамна се претвори во антиевропски. Граѓаните на Северна Македонија до ден денес се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија, изјави пред изборите в недела во интервју за БГНЕС, Екатерина Захариева, поранешен вицепремиер и министер за надворешни работи, носител на листата на ГЕРБ во Пазарџик.
Захариева во интервјуто потврди дека во Брисел разбираат дека „македонизмот е неспоив со европските вредности и дека не му е местото во ЕУ“.
„Треба да бидеме наивни за да речеме дека Брисел не ја разбира нашата загриженост. Урсула фон дер Лајен тешко дека ќе заборави како ја пречекаа во парламентот на Северна Македонија – со плакати ‘Предавници на народот’, ‘Народот рече НЕ, свестете се’, ‘Јазикот е идентитет’, ‘Деца на заевизмот, вие го враќате фашизмот’. Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски. Сите знаеме кој има интерес од ова, кој не сака Северна Македонија да влезе во Европската Унија и кој сака Балканот да остане нестабилен“, вели Захариева.
Прашана за однесувањето на навивачите на фудбалскиот натпревар на репрезентациите на двете држави во Скопје, Захариева порача дека на политичарите во Скопје едно треба да им биде јасно дека ЕУ гарантира подобар живот за нивните граѓани и тие го сакаат токму тоа. Наместо да одат по патот на добрососедството, вели Захариева, тие сè уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија.
„Затоа сакаме оваа земја да ги отвори своите архиви на тајните служби, да се исчисти од поранешните комунистички полициски агенти во нејзините редови, да го отстрани јазикот на омраза од учебниците и медиумите. Никој не ги бира соседите, нема шанси да ги придвижиме нашите земји понатаму, па затоа е смешно и одвратно да се живее вака – во омраза. А кој и да го поттикне тоа ќе биде најстрого казнет, ако не сега, тогаш во историјата“, додава поранешната шефица на бугарската дипломатија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Никоски: Новата градинка во Потстаница, Драчево, значи подобра грижа за децата и поголема поддршка за семејствата

Како напредуваат градежните работи за новата градинка во Потстаница, Драчево, на лице место излезе да провери и директорот на Управата за заштита на животната средина и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Никоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за труд и социјала Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Кисела Вода,Орце Ѓорѓиевски.
„Oвој објект e со вкупна површина од 300 квадратни метри и дополнително дворно уредување од 700 квадратни метри. Тој ќе обезбеди подобра грижа за децата и поголема поддршка за семејствата во овој дел од општината. Овој проект е доказ за нашата посветеност кон социјалниот развој и унапредување на квалитетот на животот во Кисела Вода“, рече директорот Никоски.
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека новата детска градинка ќе биде целосно завршена за само 20 дена и дека во неа ќе бидат згрижени 75 деца.
Македонија
Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше министерот Панче Тошковски, прашувајќи зошто го дозволил неговото повторно именување. Но ВМРО-ДПМНЕ попладнево излезе со тврдење дека бил вратен на работа од кадар на Социјалдемократите, приложувајќи го решението на второстепената комисија во таа насока.
„Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со калшников и беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го врати повторно да биде командир во Ропотово. Прашањето е зошто? Денеска го гледаме командирот што пукаше како гордо позира токму со неговиот пулен, Панче Тошковски.“, пишува во фејсбук објавата на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ подоцна излезе со тврдење дека Панче Тошковски го суспендирал командирот од Ропотово, но Даница Чадиева од СДСМ претседател на Второстепена комисија, бивш претседател на СДС Велес го вратила на работа. Се додава и дека МВР постапува по решението на Второстепена комисија која ја води Чадиева. Партијата во прилог го испрати решението.
Македонија
Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење во службата.
Според информациите од истрагата, тие во текот на 2023 година не извршиле соодветен надзор врз работата на подредените раководители на подружници, со што овозможиле да се реализираат набавки спротивно на законската постапка.
На овој начин, биле направени набавки во вредност од 56.546 евра, со што е надминат дозволениот праг, а на буџетот на компанијата му била нанесена директна штета од над 32.000 евра.