Македонија
Тупанчески го информираше заменик-шефот на делегацијата на ЕУ, Васало, за процесот на скрининг
Министерот за правда Никола Тупанчески оствари средба со Џулијан Васало, заменик-шеф на делегацијата на ЕУ.
Се разговараше за евроинтегративниот процес и одвивањето на скринингот.
Тупанчески го информираше Васало за активностите кои ги презема Министерството за правда во делот на реформите на судството и законодавната агенда. Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“ e клучно во преговарачкиот процес. Нашата држава останува да биде максимално посветена во исполнувањето на обврските со цел да се овозможи напредок, владеење на правото, функционални институции.
Министерот за правда порача дека би било добро во рамките на Министерството за правда да се формира посебна група која ќе биде фокусирана на преговарачкиот процес. Заменик-шефот на делегацијата на ЕУ, Џулијан Васало, беше информиран за подготвката на новата стратегија за правосудниот сектор со Акциски план 2023-2027, како и за законодавната агенда. Во собраниска постапка се законите за Академија на судии и јавни обвинители, за граѓанска одговорност, за адвокатура, за парнична постапка, за измени на Кривичниот законик. Во фаза на изготвување се Кривичниот законик како и законите за кривична постапка, за помилување, за амнестија, за управување со конфискуван имот, за вештачење.
Во текот на годинава ќе следат избори на судии и обвинители со што ќе се зајакнат капацитетите.
Шефот на делегацијата на ЕУ, Џулијан Васало, истакна дека ќе продолжи поддршката во евроинтегративниот процес, а соработката ќе се интензивира и во наредниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

