Контакт

Спорт

35 ракометари на спискот за евро-квалификациите

Објавено пред

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за квалификациските натпревари за пласман на ЕУРо 2024.

dobivaj vesti na viber

Македонија е дел од Групата 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург.

Во рамки на ЕХФ неделата ракометарите ќе одиграат два натпревари во квалификациската група. Првиот натпревар е во Скопје против селекцијата на Луксембург на 12.октомври, а потоа ракометарите ќе гостуваат во Турција на 16.октомври.

Европското првенство ќе се одржи во период од 10. до 28. јануари 2024 година во Германија.

Спорт

Кубарси ќе го продолжи договорот со Барселона

Објавено пред

Младиот дефанзивец Пау Кубарси ќе потпише нов договор со Барселона. Ова не е изненадување со оглед на тоа што тој е еден од најталентираните дефанзивци во светот.

dobivaj vesti na viber

Младиот шпански дефанзивец минатото лето веќе го продолжи договорот на максимум три години, со оглед на тоа што беше малолетен, а минатиот месец наполни 18 години, затоа челниците на Барселона побрзаа да му дадат петгодишен договор.

Според извори од клубот, Кубарси наскоро ќе ја продолжи соработката до 2030 година.

Кубарси е фантастичен играч, а иако има само 18 години, доминира против многу постари фудбалери во Ла Лига.

Прикажи повеќе...

Спорт

Сандер Сагосен се врати во Алборг

Објавено пред

Норвешкиот ракометар Сандер Сагосен го напушти Колштад и до крајот на сезоната ќе настапува за Алборг. Според пишувањата на скандинавските медиуми, 29-годишниот играч би можел да дебитира за својот нов клуб веќе овој викенд на завршниот турнир во Купот на Данска.

dobivaj vesti na viber

Сагосен се врати во Колштад, клубот во кој, во 2012 ја започна својата кариера во 2023 година. Помеѓу играше за Халсум, Алборг, ПСЖ и Кил, станувајќи еден од најдобрите ракометари во светот и еден од најплатените.

Враќањето во татковината требаше да биде поттик за норвешкиот шампион повторно да игра значајна улога во Лигата на шампионите, но работите, поради финансиите, избегаа од контрола.

Според данските и шведските медиуми, Алборг решил да реагира по повредата на Лукас Нилсон и сомнежите за допинг против португалецот Мигел Мартинс и да го купи Сагосен, кој играше за клубот од 2014 до 2017 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Фуксе Берлин ќе гради дрим тим околу Гидсел

Објавено пред

Фуксе Берлин неодамна објави дека го продолжил договорот до 2029 година со Матијас Гидсел (26), најдобриот ракометар во светот.

dobivaj vesti na viber

„Верувам во овој проект со Фуксе и можеби, охрабрен од мојот потег и продолжување на договорот, некои нови играчи ќе дојдат кај нас“, изјави тогаш Гидсел.

Во Фуксе Берлин очигледно решиле сериозно да се фатат за работа, бидејќи во германските медиуми се појавија гласини дека клубот преговара со неколку ѕвезди.

Најистакнат меѓу нив е соиграчот на Гидсел во данската репрезентација, Симон Питлик (24), но се споменува и Марко Гргиќ (21) од Ајзенах, германски репрезентативец и син на поранешниот хрватски ракометар Данијел Гргиќ и втор стрелец во Бундеслигата сезонава

„На овој тим му требаат уште едно или две парчиња од сложувалката. Основата на тимот е поставена. Во принцип, тоа е тим кој може да биде успешен на долг рок, но сигурно ќе се додадат еден или двајца играчи во наредните години за да можат постојано да се борат за титулата во Лигата на шампионите бидејќи тимот сега нема капацитет да го прави тоа“, рече спортскиот директор на Фуксе, Стефан Кречмар и додаде:

„Питлик? Тој е одличен играч, но колку што знам тој има договор со Фленсбург до 2027 година. Интересен е, но има уште неколку. Се обидуваме да добиеме такви интересни играчи. Ние сме во преговори со нив. Но, и другите го прават тоа.”

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Уапсени кумановец и тетовец во големата полициска акција: дрогата требало да заврши во Турција

Во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност при МВР и на Царинската управа, вчера, на граничниот премин Богородица беа...

Македонија1 час

Мисајловски во Брисел потврди дека Македонија ќе продолжи да вложува 2 отсто од БДП за НАТО

Денеска во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот...

Топ3 часа

(Видео) Уапсена 22-годишна скопјанка: при претрес во нејзиниот дом пронајдена марихуана

Вчера во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 22-годишната В.К. од...

Европа5 часа

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: „Ова е изневерување и предавство“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Свет6 часа

Аналитичар и уредник во Би-би-си: Путин на многу начини веќе го постигна она што го сака

Главниот аналитичар и уредник на Би-би-си за Русија напиша анализа откога американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал со Владимир...

Европа6 часа

Европските сили: Мора да учествуваме во сите идни преговори за судбината на Украина

Европските сили, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, вчера рекоа дека мора да учествуваат во какви било идни преговори...

Свет6 часа

Жестока закана на Израел: Ако заложниците не бидат ослободени до сабота, портите на пеколот ќе се отворат

Израел се закани дека ќе почне нова војна во Појасот Газа, што ќе овозможи спроведување на планот на Доналд Трамп...

Свет6 часа

Трамп најави дека ќе се сретне лично со Путин, објави и каде

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија откога во...

Свет6 часа

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Македонија16 часа

МНР на Бугарија со длабоко разочарување: Изјавите на Мицкоски ги поткопуваат напорите за градење добрососедски односи и европска интеграција

Министерството за надворешни работи на Бугарија, се огласи по повод изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека „нема потреба...

Македонија22 часа

Мицкоски: Коцевски не ја оправда довербата, доблесно ќе биде да се повлече

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност...

Македонија23 часа

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип. Пред два дена сега осудениот Зејнелов на...

Македонија1 ден

(Видео) Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци, што го предложи партијата Левица. Пратеникот...

Македонија1 ден

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на партијата Левица за нивно намалување

Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци...

Македонија1 ден

Тања Чачарова-Илиевска не е спремна да зборува за став за интерпелацијата, но забележала дека се бара колективна одговорност

Тања Чачарова-Илиевска, членка на Судскиот совет, денес не беше спремна да зборува за поднесената интерпелација за петтемина членови на Судскиот...

Македонија1 ден

Јавниот обвинител Коцевски со месеци штити поранешни функционери, изјави Петрушевски

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на Социјалдемократскиот сојуз, Обвинителството го претвори во нивна филијала, изјави пратеникот...

Македонија1 ден

Дамева: Оставка се поднесува само ако постојат оправдани причини, ќе ја анализирам содржината на интерпелацијата

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, вчера ја добила интерпелацијата, но за да изгради став, вели дека треба да...

Топ1 ден

(Видео) Уапсен 24-годишник од Скопје, при претрес пронајдено речиси еден килограм дрога

Денеска во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршиле претрес...

Македонија1 ден

Македонија и Украина потпишаа спогодба за либерализација на билатералниот транспорт и транзит на стока

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри...

Европа1 ден

Данското разузнавање: Русија би можела да почне голема војна во Европа во рок од 5 години

Ако Русија процени дека НАТО е слаб, би можела да биде подготвена да води „војна од големи размери“ во Европа...