Свет
Енергоатом: Русите го приведоа главниот директор на нуклеарната централа Запорожје

Главниот директор на украинската нуклеарна централа Запорожје под руска окупација е уапсен од руската патрола, објави Енергоатом, државната компанија задолжена за електраната.
Ихор Мурашов бил приведен на пат од најголемата европска нуклеарна централа до градот Енерходар во петокот околу 16 часот, изјави директорот на компанијата Петро Котин.
„Тој беше извлечен од автомобилот и со врзани очи одведен во непознат правец“, напиша Котин на „Телеграм“, додавајќи дека во моментот нема информации за судбината на Мурашов.
Украина ги повика руските сили „веднаш да престанат со актите на нуклеарен тероризам против раководството и персоналот“ на електраната и да го ослободат Мурашов.
„Мурашов ја сноси главната и ексклузивна одговорност за нуклеарната и радијационата безбедност на електраната и неговото приведување ја загрозува безбедноста на работата на украинската и најголемата нуклеарна централа во Европа“, рече Котин.
Електраната Запорожје е една од централните точки на руската седуммесечна инвазија на Украина, додека Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на централата, ризикувајќи нуклеарна катастрофа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на демилитаризација на областа околу електраната, каде што работат Украинците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото) Ова е осомничениот кој облечен како полицаец пукаше во политичарите во Америка

Поранешен помошник на гувернерот на Минесота, Тим Волц, се бара во врска со атентатот врз државен претставник и напад врз сенатор, соопштија полициски извори.
Ванс Лутер Боелтер наводно се претставувал како полицаец кога пукал во сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга во нивниот дом во Чамплин рано во саботата, тешко ранувајќи ги пред да се упати кон домот на поранешната претседателка на Претставничкиот дом, демократката Мелиса Хортман – каде што ја убил неа и нејзиниот сопруг, изјавија извори за „Пост“.
57-годишниот Боелтер бил назначен од Волц во 2019 година на четиригодишен мандат во Одборот за развој на работната сила на гувернерот, покажуваат документите.
Претходно, во 2016 година, тој бил член на Советот на гувернерот за развој на работната сила под тогашниот гувернер на Минесота, Марк Дејтон.
„Д-р Венс Боелтер е извршен директор на ‘Red Lion Group’, со седиште во Демократска Република Конго. Тој е исто така извршен директор на ‘Praetorian Guard Security Services,’ со седиште во Минесота. Д-р Боелтер има диплома за меѓународни односи од Државниот универзитет Сент Клауд во Минесота. Има магистерска диплома по менаџмент и докторат по лидерство за унапредување на учењето и услугите од Универзитетот Кардинал Стрич во Милвоки, Висконсин. Работел со полно работно време за некои од најголемите компании во неговата индустрија, вклучувајќи ги Нестле, Дел Монте, Тесоро, „Маратон Спидвеј и 7-Елевен. Работел во операции, технички услуги, контрола на квалитет и континуирано подобрување. Д-р Боелтер има искуство во Источна Европа, Блискиот Исток и Африка. Моментално живее во Минесота со сопругата Џени и нивните деца“, се вели во неговата официјална биографија.
Minnesota gunman sought in deadly shootings of lawmaker, her husband identified as former appointee of Tim Walz: sources https://t.co/1oADkNU12q pic.twitter.com/an9YfIPwTi
— New York Post (@nypost) June 14, 2025
Убиецот имал леток во својот автомобил на кои пишувало „Не на кралевите“, што се однесува на планираните протести против администрацијата на Трамп во саботата, како и „манифест“ и список на имиња на други политичари, соопшти полицијата, која накратко го опколила вооружениот човек во домот на Хортман пред осомничениот да избега.
Осомничениот бил облечен како униформиран полицаец и управувал возило кое „изгледало точно како полициски теренец“. Бело опремено со светла, светла за итни случаи и изгледало точно како полициско возило“, објасни началникот на полицијата Марк Брули.
На прес-конференција, гувернерот Тим Валц ја нарече смртта на Хортман и нејзиниот сопруг „политички атентат“.
Свет
(Видео) Нов бран на надеж среде војната, Украина и Русија повторно разменија заробеници

Украина и Русија извршија нова размена на воени заробеници, четврта по ред само оваа недела, соопштија официјални претставници од двете земји. Договорот за овие разменувања бил постигнат на почетокот на јуни во Истанбул, со посредство на меѓународни актери.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, преку објава на социјалните мрежи ја потврди најновата акција за ослободување на украински државјани од руски заробенички логори.
„Продолжуваме да ги ослободуваме нашите сограѓани од руско заробеништво, ова е четвртата размена за една недела“, напиша Зеленски, истакнувајќи го напорот на украинските институции да обезбедат повраток на своите војници.
Од другата страна, и руското Министерство за одбрана преку соопштение на Телеграм го потврди договорот.
„Во согласност со договореното, уште една група руски војници е вратена од териториите под контрола на Киев“, соопшти рускиот министер за одбрана Андреј Белусов.
Иако деталите за бројот на ослободени заробеници не беа веднаш објавени, од двете страни е нагласено дека размените се дел од постојан дипломатски канал што останува активен, и покрај жестоките борби на фронтот.
Свет
Нов телефонски разговор Путин-Трамп, ова се деталите

Рускиот претседател Владимир Путин денес одржа уште еден телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
За време на разговорот, Путин ја потврди подготвеноста на Русија да посредува меѓу Израел и Иран, а двајцата лидери ја истакнаа важноста од спречување на ескалација на овој конфликт, објави ТАСС.
Според Ушаков, рускиот претседател го информирал Трамп за напредокот на размената на затвореници со Украина.
Тој додаде дека Путин потврдил дека Москва е подготвена да продолжи со преговорите со Киев по 22 јуни.
„Трамп ја зеде предвид оваа информација и уште еднаш го нагласи својот интерес за брз крај на руско-украинскиот конфликт“, рече претставникот на Кремљ.