Забава
Ник Канон го доби десеттото дете, со шестата партнерка
Ник Кенон објави дека тој и Британи Бел го добиле нивното трето дете, Рајс Месија Кенон, само две недели откако водителот и комичар објави дека го доби деветтото дете, ќерката по име Оникс Ајс, со Ланиша Кол.
Актерот убавата информација ја објави на Инстаграм.
„Како што моето патување на оваа планета станува сè повпечатливо и неразбирливо, сè што можам да направам е да му се заблагодарам на Бога и да продолжам да го молам Севишниот да ги нареди моите чекори“, напиша ѕвездата од Wild n’ Out.
Водителот со Британи веќе го има 5-годишниот син Голден Сагон и едногодишната ќерка мајти Квин и е татко на 11-годишните близнаци Монро и Марокан, кои ги доби со поранешната Мараја Кери, како и новородениот син Легенд Лав, чија мајка е моделот Бре Тиези.
Тој, исто така, татко е на близнаците, Зион и Зилион, со Аби Де Ла Роса и го има синот Зен со Алиса Скот, но момчето починало на возраст од пет месеци во декември 2021 година, откако му бил дијагностициран рак на мозокот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Секогаш совршено стилизирана: кралицата Летиција во парче кое веднаш ќе го побарате
Кралската двојка редовно привлекува внимание со својот моден избор, а убавата кралица ниту овој пат не разочара со комбинација за деловна можност.
Кралицата Летиција е совршено облечена за секоја пригода и од ден на ден сугерира дека едноставниот, ненаметлив, удобен, а сепак модерен е најдобриот стајлинг во кој ќе се чувствувате самоуверено и ќе привлечете внимание, а дека „кичот“ и претерувањето во модата не се секогаш добра идеја.
Во последните месеци бевме сведоци на можеби најдобрите модни изрази на кралицата Летиција, без разлика дали се работи за деловна или лежерна верзија. За една деловна пригода во Мадрид, таа избра црно-розова комбинација која ги спои модерното и традиционалното.
И за оваа пригода, кралицата одлично го координираше својот аутфит со кралот Филип.
Црните панталони и црната кошула ги освежила со пастелно розов блејзер, кој можете да го најдете во популарните хај-стрит продавници, а овој модел одлично ја истакна нејзината витка фигура.
Кралицата секогаш избира удобни чевли, а овој пат не носеше рамни чевли, туку црни со потпетици – чевли кои секоја дама треба да ги има во својот гардеробер.
Таа го заокружи елегантно-лежерниот стајлинг со природна шминка која го истакнува нејзиното убаво лице, а нејзината пуштена, малку завиткана коса одлично се вклопи во оваа модна приказна.
Забава
Реакции на ѕвездите номинирани за Оскар: „Не можам да престанам да плачам“
Академијата за филмски уметности и науки вчера ги објави номинациите за овогодинешните Оскари.
Дел од ѕвездите излегоа во јавноста со изјава по номинациите. Аријана Гранде, која беше номинирана во категоријата за најдобра споредна женска улога во филмот „Злобница“, објави емотивна објава на Инстаграм.
„Не можам да престанам да плачам, што не е изненадување. Понизна сум и длабоко почестена што сум во толку брилијантно друштво“, рече таа, потсетувајќи се на своето детство кога ја гледаше Џуди Гарланд како пее Somewhere Over the Rainbow. Таа рече дека е горда на себе и се заблагодари на Академијата за признанието.
View this post on Instagram
Таа му се заблагодари и на режисерот Џон Чу што ѝ ја доделил улогата.
„Ти си неверојатен лидер, човек и пријател. Јас сум горда на моето прекрасно зло семејство“, додаде.
Зои Салдања е номинирана за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во филмот Емилија Перез.
View this post on Instagram
„Мислам дека не можам да ја изразам доволно благодарноста и радоста што ги чувствувам за признанието што го доби Емилија Перез. Да се биде дел од прекрасното семејство што го создаде Жак беше сон“, рече Зои.
Деми Мур кусо се заблагодари на Академијата за номинацијата за најдобра женска улога и му додели признание на режисерот на „Супстанција“.
View this post on Instagram
Карла Софија Гаскон, ѕвездата на филмот Емилија Перез, влезе во историјата на филмската индустрија како првата трансродова актерка номинирана за Оскар. Таа беше кратка и се заблагодари на Академијата.
Забава
Опра Винфри за слабеењето: Сфатив дека слабите луѓе не ни размислуваат за храна
Опра Винфри (70) сними нова епизода од The Oprah Podcast. Во него таа разговараше за ефектите на лековите за слабеење врз телото со ендокринологот Ања Јастребоф и откри некои детали за нејзиниот процес на слабеење.
„Една од работите што ги сфатив првиот пат кога земав апчиња за слабеење беше дека сите овие години мислев дека слабите луѓе едноставно имаат поголема волја. Дека јадат подобра храна, полесно се држат до неа, никогаш не јадат чипс. И тогаш јас сфатиф дека тие воопшто не размислуваат за тоа. Јадат само кога се гладни и престануваат кога се сити“, опишала Опра.
На Инстаграм профилот на Опра беше објавен клип од подкастот каде следеа бројни коментари. Многумина се согласија со водителката и ги поддржаа нејзините одлуки, но имаше и критичари кои сметаат дека она што го кажува Опра не важи за сите луѓе.
„И слабите луѓе постојано размислуваат за храна, но се трудат да ги задоволат своите физички и ментални потреби на здрав начин, а не со земање лекови“, „Ова воопшто не е точно. Се работи за волја, придржување кон диета/рутина, а вие го правите тоа долго време“, „Само затоа што се приклучивте на нов тренд не значи дека треба да зборувате како вашето разбирање за реалноста да е конечно“, „Ова ме лути“, напишаа незадоволните луѓе.
Медиумите потсетуваат дека иако претходно негираше дека земала лек за слабеење, 70-годишната ТВ ѕвезда призна дека почнала да го користи и откри дека ослабела 20 килограми. “Не можев повеќе да вежбам. Не можев да се качувам побрзо или да трчам побрзо. Морав да јадам еден оброк на ден. Не можев да правам ништо друго”, објаснила таа.