Македонија
Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја.
Речиси еден час траел прекинот, а од ЕВН добиле објаснување дека прекинот е поради дефект на 110-киловолтна станица поради што без струја останал не само Карпош туку и делови од Ѓорче и Сарај.
Официјално известување за дефектот од ЕВН нема. Од петокот има најава за прекин во снабдувањето со струја за денес, но само за корисниците од булеварот Партизански одреди, зграда број 165, кај кои ќе има прекин од 9 до 11 часот и за корисниците на дел од улица Дамаска, кои поради технички зафати во мрежата, нема да имаат струја во периодот од 9 до 14 часот.
Прекин на снабдувањето со струја имаше и болницата „8 Септември“, па на пациентите дојдени за амбулантски прегледи лекарите им дале избор да чекаат да дојде струјата или да дојдат друг ден. Оние што избрале да останат, ќе бидат прегледани оти по прекин од еден час, струја веќе има.
На социјалните мрежи корисниците од улиците за кои немаше најава за прекин бараат објаснување за тоа што немаат струја бидејќи стравуваат дека почнале рестрикции поради енергетската криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.