Економија
Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“
Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот од прекини во снабдувањето оваа зима.
За да се одржи снабдувањето со гас на соодветно ниво до крајот на грејната сезона, побарувачката ќе треба да се намали за 9 до 13 проценти во однос на просекот од изминатите пет години, се наведува во извештајот на ИЕА за пазарот на гас.
Со низок прилив на течен природен гас ова ќе обезбеди капацитетите за складирање гас да останат полни меѓу 25 и 30 проценти, се вели во извештајот.
Без намалена потрошувачка на гас и во случај на целосен прекин на руските испораки од ноември, нивото на складирање би можело да падне на нешто помалку од пет проценти доколку во тоа време ѝ се испорачува само мала количина ЛНГ на ЕУ. Ова би го зголемило ризикот од прекини во снабдувањето во случај на последователен студен бран, оценуваат познавачите.
Според анализата на ИЕА, со значителен прилив на ЛНГ складиштето би било нешто под 20 отсто капацитет.
„Руската инвазија на Украина и наглото намалување на испораките на природен гас во Европа предизвикуваат значителна штета на потрошувачите, бизнисите и цели економии не само во Европа туку и во економиите во развој“, вели директорот на ИЕА за енергетски пазари и безбедност, Кеисуке Садамори.
„Изгледите за пазарот на гас и понатаму остануваат заматени не само поради непромисленото и непредвидливо однесување на Русија што ја уништи нејзината репутација како сигурен снабдувач. Но, сите индикации се дека пазарите ќе останат многу тесни на почетокот на 2023 година“, вели тој.
Се очекува годинава глобалната потрошувачка на природен гас да се намали 0,8 отсто. Во Европа побарувачката ќе се намали за рекордни десет проценти, а во Азија и Пацификот ќе остане непроменета, пренесуваат медиумите.
В година се очекува глобалната потрошувачка на гас да се зголеми 0,4 отсто иако самите изгледи остануваат главно неизвесни, особено во однос на идните акции на Русија и притисокот од постојано високите цени на енергијата врз економијата, објави ИЕА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

