Забава
„Русокоса“ доби неповолни критики, гледачите згрозени од некои сцени
Заснован на фиктивна биографија на Мерилин Монро од авторката Џојс Керол Оутс, контроверзниот Blonde („Русокоса“) пристигна на „Нетфликс“ по неговата премиера во Венеција, со предупредување дека не се препорачува за помлади од 17 години.
Филмот се фокусира на филмската кариера на сензуалната актерка од Холивуд, управувана од опскурни момци, на кои често мора да им се наведне над креветот.
Норма Џин Бејкер, најпознатата русокоса на сите времиња, убавица со сонлив поглед и уништена психа, беше најголемиот залак на Холивуд.
Според критичарите, филмот е стереотипна приказна за глупава русокоса (која сепак го чита Достоевски). Тажна и морбидна приказна за девојка од сиропиталиште, на која недостигот на мајчина љубов и потребата за татко, кого никогаш не го запознала, ќе го забрза нејзиниот пат во похотливите раце на сексуални девијанти. Секс во тројка со синовите на Чарли Чаплин, потоа браковите со пензионираната бејзбол-ѕвезда Џо Димаџо и со драматургот Артур Милер, како и врската со Боби Кенеди, ќе ја доведат Мерилин до неколку неуспешни обиди да се реализира како мајка. Се случуваат низа индуцирани и спонтани абортуси.
Филмските критичари, а особено публиката, смета дека сцените кога лекарот ѝ прави абортус се прилично морбидни. Експлицитната сцена во која Монро е брутално силувана од Џон Кенеди вознемири голем дел од гледачите, кои сметаат дека таа сцена е мачна и непотребна. Гледачите можеби ќе почувствуваат малку мачнина, но ќе ја научат лекцијата за тоа зошто сите во светот сакале да бидат Мерилин Монро. Освен Мерилин Монро.

Филмот ги анализира и психолошките кризи што ги доживеала во текот на снимањето на своите најголеми хитови „Седум години верност“ и „Некои тоа го сакаат жешко“, чии неподносливи моменти ги кратела со опиоиди.
Накратко, животот на холивудската дива бил неподнослив. Осаменоста меѓу толпа луѓе, блицовите на фотоапаратите, лигавењето на милиони луѓе и лесните комедии беа нејзиниот пат до лудило.
Ана де Армас, Бонд-девојката и една од водечките секс-симболи на денешницата, ја прикажува сложената личност на Мерилин Монро со неверојатна актерска трансформација.
Во филмот што трае речиси три часа, покрај одличната Де Армас, и Адријан Броди одлично се снаоѓа во улогата на Артур Милер, драматург, кој за својата сопруга напиша: „Мислев дека се оженив за ангел, но всушност сум се оженил со курва“.
Според некои критичари, црно-белите кадри се исклучително привлечни и имаат естетика, која ќе ве вовлече во блуткава фабрика на соништата и ќе ви покаже дека таму се сонуваат само кошмари. Што се однесува до сценографскиот и костимографскиот дизајн, „Русокоса“ е вистинско ремек-дело.
Ќе ја видите истата куќа во која актерката се предозирала, со раката залепена за телефонот… гола русокоса која лежи меѓу бели чаршафи натопена во „шанел 5“. Сите нејзини фустани, џемпери и панталони од познатите фотографии повторно оживеани на Ана де Армас.

Иако во Холивуд владеат теророт на вечната младост и принципот „живеј брзо, умри млад“, никој не е имун на него, а овој филм ќе ве одведе токму таму, во златното доба на Холивуд, во обид да ја прикаже несериозната потреба за гламур.
Не секој може да ја поднесе оваа хипнотизирачка и разорна драма на Ендрју Доминик, која говори за сексуалната експлоатација на една жена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

