Македонија
(Видео) Стоилковски: Наместо лаги, картелот СДС нека одговори за влијанието на дезертерот Ковачевски во милионскиот бизнис
„Пет години се на власт и ова е резултатот на власта на антимакедонската СДС. Пет години апсолутна власт во Македонија, а Македонија влетува од кризи во кризи, од картел на СДС во картел на СДС. Пет години апсолутна власт со корумпирано судство во суд. Пет години нема ниту едно дело или процес за Христијан Мицкоски, и тоа е најголемиот доказ за лагите на антимакедонскиот СДС“, истакна денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Затоа, оценува тој, во овие пет години изградија картели, изградија криминогени мрежи за лично богатење и за осиромашување на народот.
„По нарко марихуанскиот картел, сега владее соларен картел којшто ја осиромашува државата и го осиромашува народот! Затоа нема струја, затоа нема парно, затоа нема гас, затоа се затвораат фирми, а народот стравува за утре. Картелот наместо лаги, мора да одговори за влијанието на дезертерот Ковачевски во милионскиот бизнис на компанијата основана заедно со неговиот кум на штета на народот“, наведе Стоилковски.
Картелот СДС, дополни тој, се служи со лаги само и само за да ја девастира Македонија и да оствари лична профит! Ова мора да има крај!
Наместо лаги, според Стоилковски, антимакедонската СДС, како што ја нарече, треба да одговори за оваа шема на Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.
„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.
Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

