Спорт
Станковиќ пред портите на Сампдорија
Поранешниот тренер на Црвена звезда, Дејан Станковиќ ќе биде новиот тренер на Сампдорија, тврди познатиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо, објаснувајќи дека се чека само усогласување на деталите.
Сампдорија го отпушти Марко Џампаоло по домашниот 0:3 пораз од новиот прволигаш Монца, по што се „заглавија“ на последното место на табелата. Се очекуваше Клаудио Раниери или Роберто Д’Аверса, но сега прва опција е Станковиќ, кој поголемиот дел од фудбалската кариера ја помина во Италија, со Лацио од 1998 до 2004 и со Интер од 2004 до пензионирањето во 2013.
По оваа тој беше помошник-тренер во Удинезе, за од 2019 до август оваа година да биде на чело на Црвена звезда, освојувајќи ја двојната титула, но заминувајќи си поради неуспехот да ги однесе во Лигата на шампиони.
Dejan Stanković, set to be appointed as new Sampdoria head coach. Full agreement in place, just waiting to sign the contracts. ???????????? #SerieA
Stanković will replace Giampaolo as new manager. pic.twitter.com/6yImS8wy8F
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 4, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

