Свет
Автобус падна во бездна, загинаа најмалку 25 луѓе во Индија
Најмалку 25 лица загинаа, а 20 други се повредени кога автобус падна во бездна во северна Индија, соопштија властите.
Полицијата соопшти дека во автобусот имало од 45 до 50 луѓе и дека се работи за свадбена веселба. Возилото паднало во бездна синоќа во државата Утарканд. Државната полиција соопшти дека екипите за итни случаи и локалните жители извлекле живи 21 лице на местото на настанот.
The bus accident in Pauri, Uttarakhand is heart-rending. In this tragic hour my thoughts are with the bereaved families. I hope those who have been injured recover at the earliest. Rescue operations are underway. All possible assistance will be provided to those affected: PM Modi
— PMO India (@PMOIndia) October 5, 2022
Премиерот Нарендра Моди рече дека сите погодени од несреќата ќе ја добијат потребната помош и дека спасувачката операција сè уште трае.
„Ова е трагичен момент и моите мисли се со семејствата на ужалените. Се надевам дека повредените ќе закрепнат што е можно побргу“, напиша Моди на „Твитер“.
Трагичните сообраќајни несреќи се чести на патиштата во Индија поради невнимание на возачот, лошо одржување на патиштата и застарени возила. Секоја година 110.000 луѓе умираат во сообраќајот низ Индија, според полициските податоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Два трамваи се судрија во Белград, неколку повредени
Вечерва се случи сообраќајна несреќа во Белград.
Околу 18 часот и 30 минути на аголот од булеварот „Крал Александар“ се судриле два трамваи.
Sudar dva tramvaja u Bulevaru izmedju Cvetka i Batutove, sad. pic.twitter.com/nFDoZI0N4P
— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) January 31, 2025
На местото на настанот пристигнала брза помош, а како што е соопштено на Инстаграм страната „Ѕвездара вести“ има неколку повредени.
Сообраќајот беше во прекин во правец на центарот на Белград.
View this post on Instagram
Засега не се познати повеќе детали.
Свет
Германија го отфрли законот за построги мерки против мигрантите
По жестока дебата, Бундестагот денеска го отфрли предлог-законот на Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ за намалување на приливот на мигранти.
„Законот не помина и тоа го прифаќам со жалење. Пропадна поради отпорот на социјалдемократите и зелените“, изјави претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и кандидатот за канцелар на ЦДУ/ЦСУ, Фридрих Мерц по гласање во Бундестагот.
Тој додаде дека се обидел да ги убеди претставниците на актуелната социјалдемократска-зелена малцинска влада да го поддржат неговиот предлог-закон со кој ќе се ограничи приливот на мигранти во Германија, но тие одбиле.
„Миграционата политика на социјалдемократите и зелените дефинитивно пропадна“, коментира Мерц.
Одлуката на Фридрих Мерц да го протурка гласањето за законот предизвика бура од контроверзии во германската политика, бидејќи се чинеше веројатно дека Мерц ќе мора да се потпре на поддршката на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) за усвојување на законот.
Претставниците на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Партијата на зелените претходно се обидоа да го одложат денешното гласање со цел да се создаде можност за компромис што ќе овозможи усвојување на законот без гласовите на десничарската популистичка АфД.
Свет
Двајца Холанѓани загинаа во лавина во Швајцарија
Двајца Холанѓани загинаа во лавина во близина на Давос, Швајцарија, соопшти швајцарската полиција.
Загинатите биле мажи на возраст од 35 и 31 година, кои биле на скијање, пишува NL Times.
Двајцата, заедно со швајцарскиот инструктор за скијање и уште едно лице, вчера наутро тргнале од селото Сертиг-Дерфли во југоисточна Швајцарија.