Спорт
Цитатите на Фергусон и Мурињо влегоа во речникот на Оксфорд
„Класичните“ изјави на фудбалските менаџери сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо влегоа во последната верзија на англискиот речник на Оксфорд (ОЕД). Овој речник содржи 600.000 зборови, 3 милиони цитати од над 1.000 години англискиот јазик и се смета како клучен документ за следење на англискиот јазик.
Пред Светското првенство во Катар, ОЕД во својот тримечесен извештај воведе 15 нови фрази, вклучуваќи ги „squeaky bum time“ (време за пискави задници) на сер Алекс Фергусон и „park the bus“ (паркирање на автобусот) на Жозе Мурињо.
Изјавата на Фергусон доаѓа од неговите епски ментални игри против Арсенал на Арсен Венгер во 2003 година. Во жестоката борба за титулата, Фергусон кажа: „Тие имаат преигрување на куп меч против Челси и ако победат тогаш ќе имаат полуфинале три дена пред да играат со нас во лигата. Но, нели кажаа дека ќе ја освојат тројната титула. Сега е време за пискави задници и ние имаме искуство да се справиме со тоа“.
Според речникот, фразата се користи за опишување на тензични моменти во финишот на спортските натпреварувања.
Мурињо, пак, како менаџер на Челси пред мечот со Тотенхем во 2004 година изјави: „Да се игра на таков негативен начин, можеа да го постават тимскиот автобус пред голот“.
Други нови фрази во речникот се Total Football (стил на игра популаризирана од Холанѓаните), row Z (последниот ред на стадионот), False No.9 (лажна деветка – напаѓач кој често оди кон средината на теренот) и trequartista (италијанска фраза за фудбалер од нападот кој оперира во просторот меѓу средниот ред и напаѓачите).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пакета побарал Вест Хем да ја прифати понудата од Фламенго
Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, е на пат да го напушти клубот, објави Гардијан.
Бразилецот го замолил тренерот да не го носи на натпреварот од ФА Купот бидејќи сака да се врати во Бразил. Конкретен интерес за него покажа најбогатиот клуб во Јужна Америка, Фламенго.
Од Бразил во Лондон пристигнала понуда од 40 милиони евра.
Вест Хем не сака да остане без најдобриот играч, во ситуација кога се бори за опстанок во лигата и кога за неговите услуги интерес покажале европски клубови, подготвени да понудат повеќе пари.
Сепак ставот на Пакета е јасен сака да се врати дома, во Фламенго.
Спорт
Галагер се враќа во Премиер лигата?
Конор Галагер би можел да се врати во Премиер лигата оваа зима
Како што откри Матео Морето, Астон Вила тргна во офанзива за неговиот потпис, бидејќи Англичанецот, не е во преден план кај тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Галагер нема ништо против враќање во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Њукасл исто така покажале интерес, но само од Астон Вила покажале конкретен интерес.
Унај Емери не го доби засилувањето што го сакаше во Харви Елиот, кој ќе се врати во Ливерпул, па затоа Шпанецот сака нов играч од средниот ред, со различен профил.
Галагер има искуство во Премиер лигата, играше за Кристал Палас и Челзи, а претходно во кариерата беше дел од Чарлтон, Свонси, Вест Бромвич Албион.
Пред да замине за Шпанија, одигра 136 натпревари во Премиер лигата.
Атлетико Мадрид пред 18 месеци на Челзи му плати 42 милиони евра за Галагер. Се претпоставува дека „јорганџиите“, за него бараат околу 40 милиони евра.
Спорт
Алушовски го презеде Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер има нов тренер. На местото на Рубе Гарабаја, екипата до крајот на сеозната ќе ја предводи, поранешниот играч на овој клуб, Стевче Алушовски.
„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд“. објави клубот на социјалните мрежи.
Новиот тренер првиот собир го закажа за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.
Izvor/ facebook.com/hceurofarmpelister

