Македонија
Шаќири: Наставниците се најважната алка во едукацијата на децата

„Денешниот ден е празник на наставниците и светот им оддава почит првенствено за тоа што донеле одлука да се занимаваат со најблагородната меѓу сите дејности и да им помагаат на индивидуите во развојот и во остварувањето на личниот интелектуален потенцијал, а со тоа да овозможуваат светот не само нормално да функционира, туку да напредува и да се модернизира. Драги наставници, вие сте најважната алка во едукацијата на децата, затоа што непосредно го пренесувате знаењето кое младите треба да го стекнат, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири, при денешната посета во ОУ „Киро Глигоров“ – Скопје.
Шаќири по повод Меѓународниот празник, на наставниците им упати честитки, додека на најдобритe што изминатата учебна година се истакнале со својата работа им додели плакети.
Порача дека мотивираноста на кадарот во образовниот процес е една од приоритетите на МОН и Владата.
Истакна дека извесен период се спроведува план кој има за цел унапредување на квалитетот на образовниот систем во Македонија и дека во него е опфатен и наставниот кадар, односно нивниот постојан раст на личните примања, континуирана обука и подобри услови за работа и настава.
Потсети дека заложбата и поддршката на Владата е особено видлива преку зголемувањето на платите на наставниците и инвестициите во изминатиот период.
„Чест ми е да потсетам дека актуелната Влада ги зголеми платите на просветните работници за над 36%, односно по 5% во 2018 и 2019 година, 10% во 2020 година и од септември месец годинава имаме зголемување за 15%, за што блок-дотациите кон општините пораснаа за околу 480 милиони денари. Преку инвестирање во училишната инфраструктура и во опрема, се подобруваат и условите во кои наставниците работат и реализираат настава. Преку Бирото за развој на образованието пак, а често и со поддршка на домашни и меѓународни партнери, се организираат и обуки преку кои наставниците ги прошируваат своите знаења и вештини во разни области, што им користи во исполнување на мисијата на просветителството”, подвлече министерот.
Изрази задоволство што наставниците изминатиот период покажаа проактивност и во креирањето на образовните политики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните здравствени институции, но и продолжување на контролите во јавните здравствени установи кои се занимаваат со истата проблематика. Одлуката следи по изјавата на кардиохирургот, Сашко Кедев, дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и стентирања и операции.
Алиу рече дека комисијата ќе биде независна и дека извештајот ќе служи како патоказ за понатамошни мерки. Од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе мора да ги отворат базите со информации за кардиолошки интервенции, со цел Министерството да ги агрегира податоците и да има увид во здравствените патеки на граѓаните.
Министерот потврди дека има база со информации од 2019 до 2025 година за кардиолошки интервенции во јавните и приватните установи и дека ќе се сретне со д-р Кедев за понатамошна соработка. Фондот за здравствено осигурување, пак, ги следи сите прашања за квалитетот и законитоста на услугите, но оценката на медицинската оправданост останува надлежност на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и специјалните комисии формирани од министерот.
Македонија
Никоски: Новата градинка во Потстаница, Драчево, значи подобра грижа за децата и поголема поддршка за семејствата

Како напредуваат градежните работи за новата градинка во Потстаница, Драчево, на лице место излезе да провери и директорот на Управата за заштита на животната средина и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Никоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за труд и социјала Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Кисела Вода,Орце Ѓорѓиевски.
„Oвој објект e со вкупна површина од 300 квадратни метри и дополнително дворно уредување од 700 квадратни метри. Тој ќе обезбеди подобра грижа за децата и поголема поддршка за семејствата во овој дел од општината. Овој проект е доказ за нашата посветеност кон социјалниот развој и унапредување на квалитетот на животот во Кисела Вода“, рече директорот Никоски.
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека новата детска градинка ќе биде целосно завршена за само 20 дена и дека во неа ќе бидат згрижени 75 деца.
Македонија
Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше министерот Панче Тошковски, прашувајќи зошто го дозволил неговото повторно именување. Но ВМРО-ДПМНЕ попладнево излезе со тврдење дека бил вратен на работа од кадар на Социјалдемократите, приложувајќи го решението на второстепената комисија во таа насока.
„Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со калшников и беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го врати повторно да биде командир во Ропотово. Прашањето е зошто? Денеска го гледаме командирот што пукаше како гордо позира токму со неговиот пулен, Панче Тошковски.“, пишува во фејсбук објавата на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ подоцна излезе со тврдење дека Панче Тошковски го суспендирал командирот од Ропотово, но Даница Чадиева од СДСМ претседател на Второстепена комисија, бивш претседател на СДС Велес го вратила на работа. Се додава и дека МВР постапува по решението на Второстепена комисија која ја води Чадиева. Партијата во прилог го испрати решението.