Свет
Северна Кореја лансира балистички ракети, шести пат за помалку од две недели
Северна Кореја лансира две нови балистички ракети, шести пат за помалку од две недели, јавуваат агенциите во светот.
Пјонгјанг објави дека станува збор за правична одмазда за воените вежби на Вашингтон и Сеул во регионот.
Јужнокорејската војска објави дека две ракети со краток дострел биле лансирани од околината на Пјонгјанг кон Јапонското Море.
Јапонската крајбрежна стража го потврди лансирањето.
Ова шесто лансирање за помалку од две недели е апсолутно неприфатливо, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида.
Станува збор за „праведна одмазда на Корејската народна армија против заедничките воени маневри на Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави, кои водат до ескалација на воените тензии на Корејскиот Полуостров“, соопштија севернокорејските власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер
Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.
The warriors from the 93rd Mechanized Brigade destroyed another "no-analogue" russian TOS-1A Solntsepyok heavy flamethrower system with the use of a night-vision FPV drone. pic.twitter.com/lS22jAGa8o
— Defense of Ukraine (@DefenceU) May 7, 2024
„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.
Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.
Европа
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје на бојното поле, објави Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека наводите се „недоволно потврдени“ со доказите, но во соопштението се додава:
„Ситуацијата останува нестабилна и крајно загрижувачка кога станува збор за потенцијалната употреба на токсични хемикалии како оружје“.
Ниту Русија ниту Украина официјално не побарале од организацијата да ја истражи наводната употреба на хемиско оружје, се вели во соопштението.
Минатата недела, САД соопштија дека Русија ја прекршила меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје, која е надгледувана од Организацијата.
Таа, наводно, користела хлоропикрин, моќен пестицид што се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба, против украинските трупи и користела хемиски соединенија кои привремено ги онеспособуваат луѓето, како солзавец, „како метод за војување“ во Украина.
Ова следеше по украинските тврдења во април дека Русија ја засилила употребата на солзавец во рововите. Русија ги отфрли обвинувањата, а украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар во вторникот.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека ја следат ситуацијата од февруари 2022 година, кога Москва ја нападна Украина. Според Конвенцијата за хемиско оружје, секоја токсична хемикалија што се користи за да предизвика повреда или смрт се смета за хемиско оружје.
Употребата на токсични агенси на бојното поле во војна е против Конвенцијата, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје. „Доколку се користат како метод на војување, овие агенси се сметаат за хемиско оружје и затоа, според Конвенцијата, тие се забранети“.
Свет
Хамас: Нападот на Израел ги загрозува животите на стотици илјади цивили во Рафах
Израелската окупација на преминот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа е опасна ескалација што ги загрозува животите на стотици илјади раселени цивили во Рафа, како и објекти под заштита на меѓународното право, објави палестинската милитантна група Хамас.
Во соопштението се додава дека нападот на израелската армија ќе ја влоши хуманитарната ситуација во Газа и ќе го спречи протокот на толку потребната итна помош за цивилите, пренесува Ал Џезира.
„Ова злосторство, кое доаѓа веднаш откако Хамас објави дека го прифаќа предлогот на посредникот за прекин на огнот, ја потврдува намерата на окупаторите да ги нарушат напорите за посредување за прекин на огнот и враќање на затворениците“, се вели во соопштението, повикувајќи ги САД и меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел да ја запре ескалацијата.