Македонија
Тренчевска: Преку размена на искуства и пракса со Австрија го унапредуваме згрижувањето на децата без родители
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Харалд Фугер, аташе при Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија, и Јулијана Накова-Гапо, извршен директор на СОС „Детското село Северна Македонија“, со воведни обраќања ја отворија дводневната конференција за размена на знаења и практики помеѓу стручни лица од Австрија и Северна Македонија на тема: „Згрижување и згрижувачки семејства“ во Клубот на пратениците.
Министерката Тренчевска во своето обраќање истакна дека правилниот избор на формата на заштита на децата без родители и родителска грижа e клучна за обезбедување безбедна семејна средина и планирана иднина, но и развивање на личности што ќе треба да ја понесат одговорноста како возрасни лица подготвени за иднината.
„Секое дете заслужува топол дом и семејство што за него ќе се грижи! Но, за жал, не секое дете ја има таа можност неговото биолошко семејство да се грижи за него. Како Влада и ресорно Министерство, во чија надлежност е детската заштита, наша одговорност и сериозна задача е да обезбедиме топла семејна средина и услови за правилен психофизички развој на децата, кои поради разни причини тоа го немаат. Бидејќи сместувањето во згрижувачко семејство како форма на заштита е најблиско до живеењето во семејството, Министерството за труд и социјална политика, спроведувајќи го процесот на деинституционализација, презеде низа активности за развој на оваа форма на заштита преку донесување законски и подзаконски акти, упатства и програми за работа, како и обуки на стручните работници во насока на зголемување на бројот и квалитетот на згрижувачките семејства,“ истакна Тренчевска.
Министерката се осврна и на отворањето на трите центри за поддршка на згрижувачките семејства, СОС „Детското село“, Детскиот дом „11 Октомври“ – Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола, кои ја обезбедуваат поддршката на згрижувачките семејства на целата територија на нашата држава. Центри што вршат промоција на услугата згрижување во семејство, подготовка, процена и обука на идни згрижувачки, како и следење и поддршка на постојните згрижувачки семејства.
Харалд Фугер, аташе за социјални прашања при амбасадата на Република Австрија, истакна дека Конвенцијата на ОН за правата на детето, склучена во 1989, ги обврзува државите потписнички да ги промовираат правата на детето и да ги вградат основните принципи на конвенцијата во системите за грижа за деца и млади.
„Овие принципи го вклучуваат, меѓу другото, најдобриот интерес на детето како основа за сите мерки на институциите што се однесуваат на децата и младите, задолжителното вклучување на волјата на самото дете, правото на детето да го изрази своето мислење во однос на процедурите што се однесуваат на него и неговото право да контактира со своите биолошки родители. Во согласност со Поглавјето 23 на ЕУ, земјите членки мора да обезбедат почитување на фундаменталните права пропишани со Повелбата на ЕУ за фундаментални права, а нејзиниот член 24 ги дефинира принципите во поглед на правата на детето. Австрија ја поддржува Северна Македонија во процесот на пристапување во ЕУ преку разни активности. Австриското Министерство за социјални прашања тековно финансира 13 билатерални проекти во областа на социјалата“, истакна Фугер.
Јулијана Гапо, национален директор СОС „Детското село“, потенцира дека грижата за децата во ризик е обврска на сите нас. СОС „Детското село“ и граѓанскиот сектор воопшто се партнери на институциите во обезбедувањето подобри услуги и грижа за децата.
„Во април СОС ‘Детското село’ стана првиот приватен центар за поддршка на згрижувачките семејства, финансиран од Министерството. Поддржуваме 62 згрижувачки семејства во Вардарскиот, Скопскиот и во Југоисточниот Регион. Неодамна ја почнавме кампањата ‘Подај рака, промени живот и стани згрижувач’ за да го истакнеме значењето на згрижувањето. Првите обуки за семејствата што посакаа да станат згрижувачи се веќе во тек. Ги повикувам граѓаните да ја посетат веб-страницата www.zgrizuvanje.mk и доколку имаат можност, да променат макар еден детски живот. Така целото општество станува подобро!“, порача Гапо.
Дводневната конференција организирана од страна на трите вклучени страни е со цел да се разменат искуства и пракса што ќе придонесат за унапредување на формата на заштита на децата – згрижување во згрижувачки семејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.
Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци“, соопшти Касами.
На состанокот на Собранието, како што вели, била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата.
„Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.
Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, додава Касами.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.

