Црна хроника
Уапсени пробиштипјани фатени при тешка кражба

На 5.10.2022, во 00.30 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода Р. П. (31) и Д. С. (34) од Пробиштип. Тие биле затекнати при извршување кривично дело тешка кражба во објект во изградба на улицата Јаким Стојковски во Пробиштип.
По преземените мерки, полициските службеници расчистиле уште 13 кривични дела за кои постои основи на сомнение дека се извршени од Р. П. (31) од Пробиштип.
Во службен разговор во Полициската станица Пробиштип ,тој признал дека во периодот од јули 2022 до октомври 2022 година на подрачјето на ОВР Пробиштип извршил 11 кривични дела тешка кражба, со кои сe оштетени четири правни и две физички лица од Пробиштип, едно кривично дело загрозување на сигурноста, извршено врз работник од обезбедување во рудник и едно кривично дело овозможување употреба на наркотични дроги.
Некои од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени им се на оштетените.
На 5.10.2022 против Р. П. до ОЈО Штип поднесена е кривична пријава, а од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор и е спроведен во затворот во Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полицијата фати на дело крадци во поранешна Железара

Скопската полиција на дело фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара.
Според информациите на МВР, на 7 мај во 01.00 часот во кругот на поранешна фабрика Железара, полициски службеници ги уапсиле Ф.З.(30) од скопско, А.Х.(24) од Скопје и Б.С.(33) од липковско.
По претходно добиени сознанија и преземени мерки, тие биле затекнати при вршење кривично дело. Имено, лицата подолг период вршеле кривични дела во кругот на Железара и со огнено оружје се заканувале кон вработените.
Во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со лицата и во содејство со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка, додека од судија на претходна постапка на тројцата им е изречена мерка притвор од осум дена и биле спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Црна хроника
Понудил поткуп: лишен од слобода албански државјанин на граничен премин Блато

Утрово во 09.15 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато при Регионалниот центар за гранични работи Запад го лишија од слобода Д.А.(30) од Република Албанија.
На граничниот премин, за влез во државата, тој допатувал со патничко возило „фолксваген шаран“ со албански национални ознаки, во кое превезувал уште четири албански државјани, при што во личните и сообраќајните документи ставил пари, кои биле пронајдени од полицискиот службеник кој вршел гранична контрола.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Поранешен директор на јавно претпријатие ја злоупотребил позицијата: на некои од вработените им овозможил противправна финансиска корист

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ -Скопје, подрачно одделение Охрид, во периодот од 2022 година до август 2024 година, не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при што било невозможно реално евидентирање на редовната и прекувремената работа, не можело да се утврди времето на извршување на прекувремената работа, а исто така не можело да се утврди по чиј налог била извршувана прекувремената работа.
Со тоа, тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања и на дел од вработените им овозможил противправна финансиска корист, со што предизвикал штета на ЈП„Колекторски систем“ – Скопје, Подрачно одделение Охрид за сума од од 2.881.757 денари.