Свет
Ким Џонг-ун испрати борбени авиони, Јужна Кореја веднаш реагира
Воените авиони на Јужна Кореја денеска извршија итно полетување откога 12 севернокорејски авиони беа забележани како летаат во борбена формација, објави новинската агенција „Јонхап“.
Се претпоставува дека воените авиони на Северна Кореја изведувале вежба за бомбардирање, пренесува „Ројтерс“.
Претходно денеска, Северна Кореја лансира балистичка ракета во правец на источниот брег, соопшти Генералштабот на армијата на Јужна Кореја. Последното лансирање следува по заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД и враќањето на американскиот носач на авиони во регионот, пренесува „Ројтерс“.
Пред два дена воздухопловните сили на американската и јапонската армија спроведоа заеднички вежби над Јапонското Море откако Северна Кореја лансира балистичка ракета над Јапонија, соопшти тогаш американската војска.
Денешното лансирање е шесто во последните 12 дена и прво од минатиот вторник кога Северна Кореја истрела ракета со среден дострел над Јапонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

