Спорт
Тијафоу и Фриц во американско финале во Токио
Френсис Тијафоу и Тејлор Фриц ќе се борат за честа да станат првиот американски шампион на Јапонскиот опен во Токио по Пит Сампрас во далечната 1996 година.
Тијафоу со 6:2/0:6/6:4 го совлада Кореецот Квон Сун-Ву, откако Фриц исто така во три сета, со 6:3/6:7(5)/6:3 беше подобар од Канаѓанецот Денис Шаповалов. Тијафоу, светскиот рекет број 19 кој го шокираше Рафаел Надал за пласман во полуфиналето на САД опен ќе игра за својата втора АТП титула по таа од Делреј Бич во 2018 година.
Тој додава дека ќе биде фантастично да се игра со Фриц во финалето, откако станале добри пријатели по настапите на Лејвер купот, каде што Светот ја победи Европа во драматична пресметка во последниот турнир во кариерата на Роџер Федерер.
„Го сакам тоа момче. Вистински фајтер, знае да сервира и има силен форхенд. Мислам дека ќе биде и уште подобар. Подобриот човек нека победи“, вели 24-годишниот Тијафоу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гарабаја го напушти Еурофарм Пелистер, в.д. тренер ќе биде Шундовски
Шпанскиот стручњак, Рубен Гарабаја, повеќе не тренер на Еурофарм Пелистер. Гарабаја поднесе оставка, два дена по поразот од Загреб во Лигата на шампионите. Претходно, тимот одигра нерешено до Алкалоид во домашното првенство. Оставката на Гарабаја дојде во незгоден момент за Еурофарм Пелистер, бидејќи викендов го играат дебито со Вардар 1961.
„Сакам да потенцирам дека по натпреварот со Алкалоид не почувствував поддршка од амбиентот. Очекував реакција во Загреб, но со оглед на тоа што таа реакција не дојде, се одлучив да ја понудам мојата оставка. Сметам дека мое заминување во овој момент ќе предизвика позитивна реакција кај тимот и ракометарите. Сакам да им се заблагодарам на сите ракометари, со кои имам одличен однос, и да им посакам успех во продолжение на сезоната. Голема благодарност до клубот за ова мое искуство и многу среќа во иднина“, се наведува во оставката на Шпанецот.
Клубот експресно реагираше и соопшти дека до крајот на полусезоната, екипата ќе ја предводи клупскиот директор, Звонко Шундовски.
Foto/ EPA
Спорт
„Ван Дајк е виновен за сѐ она што му се случува на Ливерпул, а него никој не го критикува“
Поранешниот играч од средниот ред на Челзи, сега стручен коментатор на „ESPN“, Крег Барли, остро го критикуваше капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк. Тој тврди дека формата на Холанѓанецот е најголемиот проблем што го мачи тимот оваа сезона. Реакцијата на Барли дојде откако Ливерпул неочекувано одигра нерешено (1:1), на домашен терен против Сандерленд.
Шкотскиот аналитичар истакна дека премногу внимание се посветува на другите играчи, додека проблемите на Ван Дајк се занемаруваат.
„Преку глава ми е да седам тука и да слушам луѓе како велат дека Мо Салах не игра добро, дека Флоријан Вирц не се снаоѓа во новиот клуб, за Александар Исак, Екитике и дека динамиката на средниот ред се променила. Ван Дајк е барометар за тоа што не е во ред оваа година“, нагласи Барли.
„Тој треба да биде лидер. Цела го фрла Керкез под автобус и ги крева рацете во воздух. Тој прави исто толку грешки како и секој друг играч. На секој натпревар, можете да го гледате и да се прашувате што прави.“
Берли верува дека Ван Дајк е директно одговорен за голот што го постигна Чемсдин Талби (Сандерленд).
„Тој прави сè погрешно. Додава, не го затвора просторот и го врти грбот како кукавица. Тоа е едноставно апсолутно лудо. Никој не го критикува и вината е на сите други.“
Foto/ EPA
Спорт
29 фудбалери приведени во Турција за местење натпревари
Турските власти, во петокот наредија апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широка истрага за местење натпревари, објави обвинителството во Истанбул.
Меѓу уапсените е и Метехан Балтаџи, играч на Галатасарај, актуелниот трикратен шампион на Турција, а обвинителството не ги откри идентитетите на другите 26 фудбалери. Мерт Хакан Јандаш, играч на Фенербахче, уште еден голем клуб од Истанбул, е осомничен за обложување на разни натпревари преку трето лице.
Обвинителите, открија дека досега се уапсени 35 од 46 барани лица, исто така наредиле апсење на претседателите на два клуба осомничени за „обид да влијаат на исходот“ од натпревар меѓу нив во третата лига во сезоната 2023/2024.
Истрагата на обвинителството во Истанбул, која го тресе турскиот фудбал, веќе доведе до притворање на шест судии и претседателот на Ејупспор, клуб од првата лига, на почетокот на ноември.
Турската фудбалска федерација (ТФФ), која тврди дека сака да го „исчисти“ турскиот фудбал, суспендираше речиси 150 судии неколку дена претходно откако беа прогласени за виновни за обложување на натпревари.
Дваесет и пет играчи во првата лига и речиси 1.000 други кои играат во втората, третата и четвртата дивизија, исто така, добија суспензии до дванаесет месеци во ноември.
Foto/ EPA На фотографијата: Метехан Балтачи (Галатасарај)

