Спорт
Реал со минимална победа во „малото“ мадридско дерби кај Хетафе
И покрај кризата со повреди, Реал Мадрид успеа да стигне до 0:1 победа на гостувањето во мадридското предградие кај Хетафе, за да се вратат на првото место на табелата пред големото дерби против Барселона.
Човек вреден три поени за тимот на Карло Анчелоти беше Едер Милитао, кој уште во третата минута беше најснаодлив пред голот на Хетафе за клучно водство за „кралевите“. Ова беше совршена прослава на 100. меч на Бразилецот во дресот на Реал Мадрид. По ова следуваше крајно цврст меч, во кој Реал не искористи повеќе шанси да ја запечати победата, но на крајот си заминува дома со важни три поени.
Реал сега имаат 22 поени на првото место на табелата, три повеќе од Барселона, која утре го пречекува тимот на Селта Виго, додека Хетафе се на 16. место со само 7 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Руни: Јунајтед да го задржи Бруно и младите, а другите да ги избрка од клубот
Манчестер јунајтед одигра уште една лоша сезона. Расположението може малку да го поправи евентуалната победа над Манчестер сити во финалето на ФА Купот. Доколку тоа не се случи великанот од „Олд Трафорд“ уште една сезона ќе заврши без трофеј.
Најдобриот стрелец во историјата на клубот Вејн Руни (253 гола) откри што би направил за да му ја врати славата на клубот.
„Тимот треба да се изгради околу Бруно Фернандеш. Тој е квалитетен и борбен. Што се однесува до другите играчи, тие треба да заминат. Бруно и младите треба да се задржат. Мора да има огромна чистка. Тоа не може да се направи во агодина, но тоа може да се случи во годините што доаѓаат“, рече Руни.
„За да се натпреварувате во оваа лига, ви требаат добри играчи. Не ме сфаќајте погрешно, овие се добри. За да се борите со Манчестер сити, Арсенал и Ливерпул, потребни ви се подобри“, додаде легендата на клубот, освојувач на 16 трофеи со Јунајтед.
Спорт
Селтик ја одбрани титулата во Шкотска
Фудбалерите на Селтик во претпоследното коло ја обезбедија шампионска титула откако славеа на гости кај Килмарнок од 5:0. Во последното коло Селтик ќе влезе со шест бода повеќе од големиот ривал Ренџерс.
Селтик ја освои 54. шампионската титула во клупската историја и сега има само една помалку од Ренџерс.
Во последните сезони, Селтик доминираше во шкотскиата Премиер лига, ја освоија третата шампионска титула во низа. Во последните 13 години, Селтик 12 пати беа шампиони.
По само 12 минути игра на гостувањето кај Килмарнок, Селтик имаше 2:0 со головите на Ајдахо и Маеда. Во првото полувреме стрелец беше Форест во 35. минута, додека О’Рајли постигна два гола во продолжението од дуелот за конечни 5:0.
Спорт
Баерн сака да го задржи Томас Тухел
По многубројните неуспешни преговори со другите тренери, челниците на Баерн Минхен се решија на радикален потег. Според „Скај спорт Германија“, тие ги започнале преговори со Томас Тухел. Баерн и Тухер на 21 февруари се договорија тренерот да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
Темпераментниот стратег наводно е подготвен да остане на „Алијанц Арена“ и покрај турбулентните недели. Овој извор пишува дека се уште нема целосен договор од сите страни и дека потенцијалниот договор би можел да пропадне.
Главен проблем е договорот на Томас Тухел, кој има важност до 30 јуни 2025 година.
Менаџерот на тренерот на Баерн бараат нов договор кој би важел најмногу до летото 2026 година.
Според „Скај спорт“, клупските функционери Макс Еберл и Кристоф Фројнд, како и клучните играчи во соблекувалната, како Мануел Ноер, Томас Милер, Хари Кејн, Лерој Сане и Џамал Мусиала, застанале во одбрана на Тухел.
Во претходните недели раководството на Баерн водеше неуспешни преговори со Ралф Рангник и Ханси Флик, претходно беа одбиени и од Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман.
Томас Тухел го презеде Баерн во март минатата година, кога го наследи Јулијан Нагелсман.