Црна хроника
Казнети 275 возачи во Скопје, 67 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 275 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 38 санкции за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, осум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), осум санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На сила си го зел возилото што му било подигнато од шлеп-служба: кривична против стружанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.И.(51) од Струга.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик.
Имено, на 10.01.2025, пријавениот отишол во јавното претпријатие „Комуналец“, со употреба на сила ја отворил вратата од паркингот каде се оставале возилата кои биле подигнати од шлеп службата на ЈП „Билјанини Извори“, го отклучил и стартувал своето возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, а кое претходно било подигнато од шлеп службата на претпријатието и заминал.
Црна хроника
Украдени пари од црква во Струшко

Вчера во 15.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека во текот на претходните две недели со употреба на сила било влезено во црквата „Св.Јован Владимир“ во селото Подгорци, струшко, и биле одземени пари.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Младо момче од Липково со автомобил удри во 91-годишен пешак, префрлен е во болница

Несреќа се случи вчера околу 13 часот на булеварот Трета македонска ударна бригада во Куманово.
Дваесет и двегодишниот Ќ. С. од Липково со „мерцедес“ удрил во пешакот Т. Д. (91) од Куманово.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово, велат од МВР.
Извршен е увид.