Забава
Мила Кунис: Стоечките овации за „Оскарот“ на Вил Смит беа бесмислени
Мила Кунис не може да ги сфати луѓето кои му аплаудираа на Вил Смит за „Оскарот“ откако претходно му удри шлаканица на Крис Рок.
Повеќе имиња од шоубизнисот, од филмски ѕвезди како Бредли Купер, Тимоти Шаламе, Бенедикт Камбербач и Џејсон Момоа до познати режисери како Пол Томас Андерсон, Кенет Брана и Џејн Кемпион, сите станаа на нозе за да му аплаудираат на Вил кога ја доби златната статуетка.
Меѓутоа, Мила (39) и нејзиниот сопруг Ештон Качер (44) беа на свеченоста и одбија да станат – а за новата насловна сторија на Magazine C таа ги критикува луѓето што го направија тоа.

Мила останува на својата одлука да не застане да му аплаудира на Смит на свечената церемонија – дури и кога тоа го направија мнозинството присутни.
„Стоечките овации, според мене, беа бесмислени“, рече Мила Кунис за аплаузот што Вил Смит го доби за златната статуетка за најдобар актер речиси половина час откако го удри Крис Рок на сцената.
Ѕвездата на „Најсреќна девојка на светот“ и нејзиниот сопруг Ештон Качер присуствуваа на доделувањето на „Оскарите“ на 27 март, кога Смит стана од своето место, се качи на сцената и го удри Крис Рок поради шега за избричената глава на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.
Набрзо потоа, Смит ја освои наградата за најдобар актер за улогата во „Крал Ричард“ и одржа говор исполнет со солзи додека многу присутни станаа да му аплаудираат.
Кунис за новата насловна сторија на магазинот изјави дека била вчудовидена од тоа колку луѓе во публиката застанале зад него во текот на неговиот говор по инцидентот.

„Идејата да водите со пример има смисла само кога навистина имате кого да водите. Имаме наше мало племе дома и никогаш нема да им кажам да направат нешто што јас не сум подготвена да го направам“, изјави мајката на две деца.
„Можеби не беше паметно да не станете, но она што беше шокантно за мене е колку луѓе станаа“, рече Кунис. „Си помислив: леле, во какво време живееме… наместо да го правиме она што е правилно, луѓето се фокусираат на тоа да го прават она што изгледа добро. Мене тоа ми е лудо.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

