Свет
(Видео) Зеленски: Сакаат да нè уништат, да се држиме и да бидеме силни
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава реагираше на веста за неколку експлозии низ земјата, велејќи дека Русите „се обидуваат да ја уништат“ Украина.
„ Ги уништуваат нашите луѓе кои спијат дома во Запорожје. Тие убиваат луѓе кои одат на работа во Днепар и Киев. Воздушната тревога не стивнува низ цела Украина. Тие се обидуваат да нè уништат и да нè избришат од лицето на земја“, рече Зеленски.
„Погодуваат проектили. За жал, има мртви и ранети. Ве молам, не напуштајте ги засолништата. Грижете се за себе и за вашите најблиски. Да се држиме и да бидеме силни“ порача тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина загуби над 40 отсто од својата територија во Курск
Украина изгуби над 40 отсто од територијата во руската област Курск што брзо ја зазеде за време на ненадејната офанзива во август, изјави висок извор на украинската војска.
Според извор од Генералштабот на Украина, Русија распоредила околу 59.000 војници во регионот Курск откако украинските сили направија брз напредок, со што ја изненадија Москва две и пол години по почетокот на сеопфатната инвазија на Украина.
„На почетокот контролиравме околу 1.376 квадратни километри, но сега таа територија е многу помала. Непријателот ги засилува контранападите“, рекол изворот.
„Во моментов контролираме приближно 800 квадратни километри. Ќе ја држиме таа територија се додека тоа е воено оправдано“.
Офанзивата на Курск беше првата копнена инвазија на Русија од страна на странска сила по Втората светска војна, а Москва беше фатена без стража. Со напредувањето во областа Курск, Киев се обиде да ги запре руските напади на истокот и североисточниот дел на Украина, да ја принуди Русија да ги повлече своите сили кои постепено напредуваа на исток и да обезбеди дополнителна предност во идните мировни преговори.
Свет
Генералниот секретар на НАТО разговараше со Трамп на Флорида
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, разговараше со Доналд Трамп на Флорида. Ова го соопшти портпаролот на Алијансата, цитиран од „Ројтерс“, за средбата којашто се одржала во петокот.
Тие разговарале за глобалните безбедносни прашања со кои се соочува Алијансата.
„Ројтерс“ потсетува дека како премиер на Холандија Марк Руте бил меѓу оние европски политичари со кои Трамп одржувал добри работни односи за време на неговиот прв мандат во Белата куќа.
Регион
Побаран притвор за сите уапсени поради трагедијата во Нови Сад, меѓу нив и поранешен министер
По рочиштето, Вишото јавно обвинителство во Србија побара притвор за сите 12 уапсени, меѓу кои и поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ и уште еден осомничен по кој беше распишана потерница, поради падот на настрешницата на железничката станица на 1 ноември во при што загинаа 15 лица.
Покрај Весиќ, кој поднесе оставка пет дена по несреќата, меѓу уапсените, а за кои Вишото јавно обвинителство во Нови Сад бара притвор, се и Јелена Танасковиќ, која поднесе оставка од челната позиција во Железничката инфраструктура на Србија, поранешниот директор на Инфраструктурата на Железниците на Србија Небојша Шурлан, како и помошникот министер за железнички транспорт Анита Димовски.
Обвинителството предлага приведување и притвор и за 13. осомничениот кој е во бегство и по кого е распишана потерница.
Осомничените се товарат за сторени повеќе кривични дела предизвикување јавна опасност, тешки кривични дела против општата безбедност и неправилно изведување градежни работи и им се заканува затворска казна од две до 12 години.
Вкупно 15 лица загинаа во падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември околу пладне – 14 загинаа на местото на несреќата, додека уште едно лице од тројцата тешко повредени им подлегна на повредите подоцна во болница.