Македонија
Одбележување на 11 Октомври – Денот на ослободителната војна

Денеска се одбележуваат 81 година од од почетокот на антифашистичката борба во 1941. 11 Октомври голем празник за Македонија и Македонците.
Со традиционалниот импровизиран напад пред Меморијалниот музеј „11 Октомври” и со огномет синоќа во Прилеп почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81-та годишна од почетокот на антифашистичката борба во 1941. Централниот настан за одбележување на празникот, кој годинава е под мотото „Секогаш на вистинската страна” ќе се одржи денеска пред Спомен – костурницата во Куманово, а дополнително владини делегации ќе положат свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци од Народно ослободителната борба (НОБ) во Скопје и Прилеп, а во Собранието ќе биде доделена државната награда „11 Октомври” за 2022 година.
Наградата за животно дело во областа на науката и образованието ќе му се врачи на невропсихијатарот, проф.д-р Методи Чепреганов, додека во областа на културата и уметноста на поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли и ликовниот уметник Мицко Јанкуловски.
Централниот настан во Куманово ќе започне со положување цвеќе на Спомен – костурницата, а на свеченоста ќе присуствува владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав ќе бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министрите за труд и социјална политика и за информатичко општество и администрација, Јована Тренчевска и Адмирим Алити.
Во рамки на одбележувањето на платото пред Спомен – костурницата обраќање ќе има премиерот Ковачевски, по што ќе следува културно-уметничка програма.
Свежо цвеќе на споменикот на „Ослободителите на Скопје” на платото кај Владата ќе положи владина делегација предводена од вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, во чиј состав ќе бидат на замениците-министри за информатичко општество и администрација и за одбрана Александар Бајдевски и Башким Хасани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што истакна, врз песочната покривка се фрла специјална пена со цел целосно сопирање на чадењето и спречување на повторна појава на пожар.
Македонија
Чадењето од Дрисла значително намалено, останува да се догасне третина од површината

Чадењето од депонијата Дрисла е значително намалено, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Kaко што рече, изработен е дополнителен земјен пат со кој е отсечен ѕидот на депонијата од заезерената површина со отпадни води полни со запаливи гасови. Овој дел сè уште чадe, но во многу помал обем во споредба со првиот ден од пожарот.
Затрупувањето продолжува и утре, најавува Ангелов, а преостаната е помалку од третина од почетно опожарената површина.
Македонија
ИЈЗ ги објави мерењата на радијација во воздухот: Нема отстапувања и покрај пожарот во Трубарево

Институтот за јавно здравје соопшти дека мерењата на радијацијата во воздухот, извршени од 7 до 14 септември 2025 година, покажуваат нормални вредности и нема никаква опасност за здравјето на граѓаните, и покрај загриженоста поради големиот пожар во скопската населба Трубарево.
Во Скопје, каде што работи една од автоматските мерни станици, просечните вредности изнесуваат 51 нано сиверт на час, што е рамки на природниот радијациски фон – природното зрачење што секогаш постои околу нас. Највисоката измерена вредност е регистрирана на 11 септември, кога бил забележан пик од околу 69 нано сиверти на час, но и ова отстапување е во рамки на природното и безбедно ниво. Денеска (14 септември) во 11:30 часот измерени се 50 нано сиверти на час.
Од ИЈЗ нагласуваат дека нема одстапувања од нормалните референтни вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или ризик по здравјето на граѓаните.
По насока на инспекторатот за животна средина и Министерството за здравство, на терен во близина на Трубарево се испратени обучени екипи кои земаат примероци од почва и вода за дополнителни анализи. Резултатите од тие анализи ќе бидат објавени јавно.
Институтот истакнува дека внимателно ја следи состојбата во координација со сите надлежни институции, а на граѓаните им препорачува да ги следат официјалните информации и упатства.