Контакт

Економија

Мицкоски: Власта вишоците на струја наместо да ги краде да им ги понуди на компаниите за да се зачуваат работните места

Објавено пред

Понудивме решенија кои се однесуваат на олеснување на тешката состојба на стопанството и компаниите и затоа предложив да вишоците кои ги произведува поранешно АД ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, наместо на сомнителен начин да завршуваат во приватни компании и понатаму некаде на Балканот, да ги отстапи за производната цена на стопанството, за да може стопанството тие вишоци да ги користи, и да се зачуваат работни места, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Мицкоски посочи наместо да плаќаат компаниите цена за струјата од 300-400 евра за мегават час, да му плати на ЕСМ онолку колку што навистина го чини, според пресметките тоа би било некаде помеѓу 80 и 90 евра за мегават час.

– И не само ноќните вишоци, туку и оние вишоци кои се случуваат за време на викендот посебно во недела. Но за тоа да се случи потребно е компаниите да работат во недела. А за да работат во недела треба да се интервенира во Законот за работни односи и Законот за трговија па да им се дозволи на компаниите со работниците да изберат тие самите кој ден ќе биде неработен, а недела да можат да го работат, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека недела да биде работен ден и да ги искористат овие ноќни вишоци за да може да ги зачуваат работните места, да не испуштаат работници, односно да не бидат работниците во незивесност како ќе ги прехранат семејствата во услови на тешка финансиска и енергетска криза.

– Втората мерка е за оние компании кои понатаму ќе имаат потреба покрај овие вишоци да набавуваат струја, онаа разлика од регулираната до набавената половина да ја плати владата. според нашите калкулации оваа пресметка би изнесувала не повеќе од 50 милиони евра. Тоа се пари кои редовно овие 5 години во првото тромесечие, официјалните лица на оваа влада ги крадат. Затоа кога зборуваат за штедење треба да се свртат самите кон себе и да престанат да крадат. Ако престанат да крадат тогаш ќе има пари за оваа мерка. Наместо овие пари да ги крадат преку ископ и наместени тендери во РЕК Битола, за мазут, јаглен, тоа пари да завршат во стопанството да спасиме работни места, изјави Мицкоски.

Мицкоски му порача на Ковачевски да се заврти кон себе и функционерите од власта, тоа е отприлика пола дневница колку што ја крадат функционерите на власта и ете ја заштедата.

Економија

Трипуновски: Преку Јавниот повик за Мерката 112 ги вклучуваме младите во секторот земјоделство

Објавено пред

Во изминатите денови се распиша Јавен повик бр.02/2025 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2025 година.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Овој Јавен повик се однесува за Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“.

Трипуновски информираше дека  јавниот повик е наменет за млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години, кои што

• за првпат започнуваат со земјоделска активност;

• преземаат постоечко или воспоставуваат ново земјоделско стопанство;

• и се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.

Максималната финансиска поддршка по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000 денари, односно 100% од направените трошоци.

Овие предвидени средства ќе се доделуваат за период на реализација на деловниот план и ќе се исплаќаат на годишно ниво но најмногу на три рати. Дополнително предвидена е и 40% авансна исплата на предметната инвестиција.

Крајниот рок за доставување на барањата е 09.05.2025 година

„Би сакал да напоменам дека за аплицирање на Јавниот повик за Мерката 112 се олеснети процедурите околу исполнувањето на критериумите, со кои што излегуваме во пресрет на секој еден млад кој што сака да влезе во земјоделскиот процес. Исто така ги охрабрувам да аплицираат за оваа мерка.

Целта на Министерството и на Владата е активирање на младите во земјоделскиот сектор преку низа на мерки. Токму Мерката 112 е една од низата која што ќе им помогне на младите да се активираат и да влезат во земјоделското производство.

Овој Јавен повик е само еден стимул на нашите млади да влезат секторот земјоделство и истите да продолжат да го движат процесот во производството на квалитетна храна.

Новата енергија во земјоделството е потребна за да се зголеми производството на храна, со што ќе станеме земја која што ќе извезува квалитетни земјоделски производи и по тоа ќе станеме и понатаму препознатливи.

Министерството ќе продолжи да работи на сет на мерки кои што ќе ги анимираат младите да се вклучат во процесот на производство на квалитетни земјоделски производи.

Заедно работиме да го вратиме македонското земјоделство и повторно да биде едно од најзначајните гранки“, рече Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Интерес за батерии – се бара спас за струјата произведена од фотоволтаици

Објавено пред

Сопствениците на фотоволтаици засилено инвестираат во батерии, со цел во целост да ја искористат произведената електричната енергија.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

На последната презентација на ФЕРОИНВЕСТ во Стопанската комора, присуствуваа 60 претставници од субјекти заинтересирани да вградат батериски системи за складирање за да ја избегнат загубата на електричната енергија, а со тоа и загубата на финансии. Тоа се, пред се, фабрики кои имаат поставено фотоволтаици на фабричките покриви, но и инвеститори кои имаат изградено фотонапонски електрани на земја.

Презентацијата ја одржаа ФЕРОИНВЕСТ и глобалниот бренд WEIHENG, кој е глобално препознатлив по иновативни решенија за складирање енергија, за чии батериски системи ФЕРОИНВЕСТ е застапник за Македонија.

Компанијата ФЕРОИНВЕСТ, која нуди изведување ,,клуч на рака”, ги запозна присутните со можностите за имплементирање на високонапонски хибридни системи за складирање енергија на веќе изградени фотонапонски електрани (на фабрички кров или на земја) и можност за градење на нови фотонапонски електрани со паралелно вградување на батериски системи од самиот почеток.

Берзите во моментот покажуваат неповолен пад на цената на електричната енергија во часовите на интензивно производство од фотоволтаици во текот на денот, што ќе биде уште поизразено во текот на летните месеци.

Единствено решение е складирање на вишокот електрична енергија и нејзино користење или продавање во часовите кога има потреба од енергија и кога побарувачката на пазарот ќе формира економски поповолна цена.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Кафето станува скапо задоволство, цените допрва ќе растат

Објавено пред

Цената на кафето, еден од најконсумираните пијалоци во светот, достигнува рекордни нивоа.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Зголемувањето на цените на кафето е првенствено резултат на сушата која ги десеткуваше приносите на зрна на најголемите плантажи во светот и го загрози целокупното производство, а потоа се и геополитичките тензии кои ги загрозуваат синџирите на снабдување. Најсвеж пример се царините на американскиот претседател Доналд Трамп, кои се закануваат да предизвикаат еден вид трговска војна, на која индустријата за кафе нема да биде имуна.

Најголеми производител на кафе е Бразил, одговорен за една третина од светскиот пазар. После него се Виетнам, Колумбија, Хондурас, Мексико, Виетнам, Перу… Нивниот главен адут во успешното производство на кафе е климата. Зрната кафе се исклучително чувствителни и бараат оптимални услови, поради што екстремните температури и суши се основен проблем во овие земји. Освен што го намалува приносот, се влошува и вкусот на кафето. Бразил е особено тешко погоден, каде земјоделците се речиси без залихи. Очекувањата се дека годинава ќе има уште послаба берба во Бразил поради долгите сушни периоди, најдолги од 1981 година. Затоа, се соочуваме со неизвесна сезона и континуирани поскапувања.

Состојбата на родот и климатскиот статус на Бразил и Виетнам ја одредуваат иднината на секоја шолја кафе што ја пиеме.

Арабика и Росбуста се двата најпопуларни типа на кафе. Околу 75 проценти од светското производство го сочинува Coffea arabica, а Coffea canephora останатите 25 проценти. Тоа се две растенија со различни вкусови кои бараат различни услови за одгледување, па затоа имаат различни цени.

Растенијата Арабика се многу попрефинети, растат само на големи надморски височини и бараат голема експертиза во одгледувањето, што ги прави скапи. Робуста е полесна и поевтина за одгледување. Поотпорен е на болести и штетници, а претпочита потопли услови. Исто така, дава поголем принос. Зрната се помали, но имаат повеќе кофеин и се користат главно за еспресо кафе. Арабика има попријатен вкус и умерена киселост, поради што нашла поширока примена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Судот изрече притвор за четири лица од проширената истрага за пожарот во „Пулс“

Судот на четири лица им изрече мерка притвор во траење од 30 дена, за шест лица куќен притвор и мерки...

Македонија3 часа

Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук порача дека никогаш не чувствувал завист за власта, иако...

Македонија5 часа

Во Свети Николе затекнат локал на нива: вработените непријавени, објектот дивоградба, без план за евакуација

Полицијата во соработка со инспекторите и претставници на локални институции изврши контрола на угостителски објект во Свети Николе сопственост на...

Македонија6 часа

Граѓаните биле под потенцијална загрозеност во сите дискотеки, рече Коцевски

Доказите упатуваат на суштински пропусти кај раководната структура во Дирекцијата за заштита и спасување. Ова го истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија7 часа

Поранешни министри и директори меѓу новоосомничените за пожарот во „Пулс“, се бара притвор за четири лица

За четворица од новоосомничените за пожарот во Кочани Обвинителството бара притвор, за седум мерка куќен притвор во комбинација со забрана...

Македонија9 часа

Пожарникарите во изминатото деноноќие гаснеа седум пожари на отворено

Во последното деноноќие имало седум пожари на отворени, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите...

Свет9 часа

Црвено светло за Украина од Мерц: Не може НАТО и ЕУ додека е во војна

Можноста Украина да влезе во Европската унија и НАТО може да се разгледа само по завршувањето на борбите, вели Фридрих...

Македонија10 часа

Се’ уште се трага по исчезнатото лице од Степанци, 80 лица се вклучија во потрагата

Исчезнато повозрасно лице од селото Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70...

Македонија11 часа

Уништени 1.230 килограми небезбедна храна пред Велигден, изречени се казни

Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници....

Свет12 часа

(Видео) Хамас објави видео од израелски заложник што го држи во Газа

Хамас објави видео во кое се тврди дека го прикажува израелско-американскиот заложник Едан Александар, кој е држен во Газа откако...

Македонија1 ден

(Видео) Граѓани со часови се заглавени во подземниот паркинг на ГТЦ оти автоматите за наплата не работат, а службите се отстутни

Вистински хаос се случува попладнево во подземниот паркинг на ГТЦ. Вознемирени граѓани кои се обратија до нашата редакција велат дека...

Македонија1 ден

Во странство се лекуваат 48 повредени од кочанската дискотека, нема планирани исписи за викендов

Министерството за здравство информира дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов и во моментот се лекуваат...

Македонија1 ден

(Видео) Стартува „One stop shop“ на граничниот премин Долно Блаце-Елез Хан

На граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop). Со нова физичка и дигитална...

Економија1 ден

(Видео) Костова: Срамно се редефинира потрошувачката кошничка, папаја за владата – трошки за народот

Скандалозни се последните најави на Владата со кои сака да ги искриви реалните пресметки на потрошувачката кошничка, кажа денеска на...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Системот на Венко Филипче го урниса здравството

Венко Филипче ја постави Пановска за директор за да дава тендери на татко и, тој нема кредибилитет, да си поднесе...

Македонија1 ден

(Видео) Ристова: Откриваме нов скандал – пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

Пазарот во Неготино е изграден без соодветно одобрение за градење, а се води како „поставување на урбана опрема“, обвини денеска...

Македонија1 ден

Во тек е акција за апсење на повеќе лица во рамки на истрагата за пожарот во Кочани

По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на...

Регион1 ден

(Видео) Хаос во Србија: полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале...

Регион1 ден

Паралелни собири во Србија: студентите во Нови Пазар, власта во Белград

Во Србија денеска ќе се одржат два паралелни собири – еден во организација на студентите и друг во организација на...

Македонија1 ден

СДСМ: Кој ќе одговара за последниот смртен случај на Кардиохирургија?

СДСМ бара итна и целосна истрага за скандалот на Кардиохирургија и утврдување на одговорност за последниот смртен случај каде пациент...