Македонија
Мицкоски: Едноставна порака како до повеќе пари за граѓаните и стопанството – само да престанат да крадат и ќе има пари
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање за став околу најавата на Владата за намалување на платите на одредена категорија вработени во државата, истакна дека во вакви услови на покачени цени да се намалуваат плати, не е решение туку е терор.
„Тоа не е решение, тоа е терор. Во услови на инфлација и во услови кога инфлацијата е речиси 20%, кога храната ние повеќе од 30-40% поскапена, кога една потрошувачка кошничка веќе надмина 50 илјади денари за едно просечно семејство, тие да намалуваат плата е навистина безобразно“, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш на страната на работниците и дека пари ќе има за сѐ само доколку луѓето во власта престанат да крадат.
„Ние сме секогаш на страната на работниците и тука да немате дилема. Јас реков како може Ковачевски и Владата да ги обезбеди тие пари. Само да престанат да крадат. Ако престанат да крадат има пари за сѐ и само тоа треба да престанат да крадат. И ко ќе го видите сега најновиот извештај од Европската комисија кој што ќе стигне, главен фокус ќе биде корупцијата и борбата против криминалот. Само треба да престанат да крадат. Они мислат дека ако потпишуваат капитулански договори и ќе се однесуваат квислиншки кон тие држави кои што имаат интерес да го нема македонскиот народ и македонскиот идентитет, култура, традиции, обичаи историја итн. ќе им биде се прогледано низ прсти и ќе можат да си крадат, да си градат вили, да си имаат луксузен живот итн. Но, треба да знаат дека и на тоа му доаѓа крајот, а после крајот има и одговорност“, потенцираше Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Резолуцијата не беше предадена во Собранието затоа што ДПМНЕ не сакаше да прифати да се разговара, тие се закануваа со тужби
Резолуцијата на СДСМ не беше предадена во Собранието затоа што ДПМНЕ не сакаше да прифати ниту да се разговара, ниту да се поднесе.
Наместо да разговараме тие се закануваа со тужби, велат од СДСМ.
„Не сакаа да се отвори дискусија во македонското Собрание, меѓу претставниците на народот – пратениците на кои граѓаните им дале мандат да ги застапуваат пред највисокиот орган на државата.
Наместо тоа, прво предложија темата да се префрли на општините, кои немаат никаква надлежност за вакво национално прашање. Не сакаа јавна расправа затоа што немаат аргументи против вистината.
Од самиот почеток бевме транспарентни и конструктивни“.
Граѓаните, додаваат од опозициската партија, ја видоа нашата Резолуција, јавно ја објавивме и со денови повикувавме заеднички да ја поднесеме и да ја потпишеме.
„Токму тоа им пречеше. Нашиот последен обид беше денес во Собранието.
Не ни дозволија да зборуваме за нашата предлог-Резолуција, премиерот и министрите побегнаа од пратеничките прашања, побеганаа од вистината и од дебата за Резолуцијата.
Поради тоа, во знак на протест, нашите пратеници ја напуштија седницата. Нема да учествуваме во предавството.
СДСМ нема да им биде прекривка за најголемото предавство на Македонија, пари за мигранти.
Нека си ја потпишат предавничката политика сами, заедно со колаборантите од ЗНАМ – за пари.
Со денови зборуваме за ова. Цел ден дефокус со вести, што јасно го покажавме преку нашата акција „Разоткривање“. Прават сè само за да ја сокријат вистината.
А вистината е следна: не сакаат да ја потпишат Резолуцијата, сакаат своја контра-резолуција. На граѓаните сега им е кристално јасно зошто“.
Имаме избори, истакнуваат од СДСМ и како што велат, имаме мигранти за пари.
„Почитувани граѓани, сите сите вие сега сте сведоци на предавството на Македонија, мигранти за пари.
Заедо ќе се бориме“.
Македонија
Лимани во Битола: Преку инвестиции во детската и социјалната заштита придонесуваме за подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани во рамки на денешната посета на Битола оствари средба со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, беше на увид на новите простории на детската градинка „Пчеличка“, во состав на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ – Битола и новиот Дневен центар за активно стареење и се сретна со вработените во Центарот за социјални работи, Битола.
На средбата со градоначалникот на Општина Битола се разговараше за реализираните проекти, оние кои се во тек и идни проекти согласно потребите на граѓаните од оваа општина.
Преку адаптација на простор и целосно опремување во рамки на Домот за доенчиња и мали деца во Битола, се обезбедија нови згрижувачки капацитети за деца од предучилишна возраст, објект кој денеска функционира како детска градинка „Пчеличка“ под ЈОУДГ „Мајски Цвет“, информираат од министерството.
Капацитетот на новиот простор е за околу 70 деца, а со отворањето на оваа детска градинка, се задоволува дел од потребата од згрижување на дечињата во градинките. Наскоро се очекува отворање на уште една нова детска градинка, со која значително се подобрува состојбата со листата на чекање за упис во детските градинки.
Соговорниците уште еднаш потврдија дека соработката на централната и локалната власт значително придонесува за подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и изразија подготвеност за продлабочување на истата.
Лимани го посети и просторот каде што наскоро ќе започне со работа Дневниот центар за активно стареење, со капацитет на 20 стари лица кои на дневна основа ќе имаат можност да го посетуваат и да бидат вклучени во програмата за активно стареење, под водство на Црвениот Крст- Битола.
При посетата се потврдија заедничките заложби и грижа за нашите повозрасни граѓани и значењето од отворањето на ваквите центри.
Црвениот Крст – Битола седум години наназад е давател на услугата лична асистенција за општините Битола, Могила и Новаци. Оваа услуга е дел од лепезата услуги кои се реализираат преку трипартитни договори на Министерството за социјална политика, демографија и млади, општините и провајдерите, а во насока на приближување на социјалните услуги до граѓаните, во нивното место на живеење.
Посетата на Битола беше заокружена со посета на вработените во Центарот за социјална работа -Битола. Непосредните средби и разговори со вработените придонесуваат за подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните, како и подобрување на условите за работа и вреднување на трудот на социјалните служби. Тоа се заложбите на министерството, со кои се добиваат двојни придобивки – вложување во човечките ресурси кои ги адресираат предизвиците на граѓаните и задоволни граѓани.
Македонија
По јавниот притисок, на прославата на плоштад нема да има огномет, велат од „Зелен хуман град“
Благодарение на институционалниот притисок вршен внатре во Советот на Град Скопје од страна на нашиот советник, Марјан Калевски, како и вонинституционалниот притисок вршен со нашите јавни реакции и секако, најважното, ангажираноста на нашите сограѓани со испраќање мејлови до надлежните институции и давање поддршка за нашата иницијатива на социјалните мрежи, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека оваа година на прославата огномет нема да има, објави „Зелен хуман град“.
„Потегот на градоначалникот го сметаме за позитивен, но истовремено сметаме дека не смее една ваква клучна материја да е нечие дискреционо право. Денес овој градоначалник донел позитивна одлука, утре некој друг нема да донесе таква. А останува фактот дека огнометите и пиротехниката на хартија се дозволени со поседување лиценци и обезбедување стручни лица кои ќе ракуваат со неа. Оттука, инсистираме оваа високоризична материја да се нормира и законски да се забрани експлицитно и на отворен и на затворен простор“, велат од граѓанската ијцијатива.
Пд таму потсетуваат и на нивното барање што побрзо Собранието да усвои законски измени и да забрани огномет и каква било пиротехника и на затворено и на отворено.
„Скопската централна новогодишна прослава без огномет претставува мал но значаен чекор кон подобрување на квалитетот на животот на најранливите групи граѓани во Скопје, намалување на преголемото загадување на воздухот, како и на сите медиуми на животна средина и, се разбира, етички чекор кон тоа безгласните жители на Скопје, животните, да не доживуваат енормен стрес и потенцијална смрт за 3 минути „забава“. Секако ова не ги спречува бројните несовесни граѓани кои новогодишните празници ги доживуваат како погоден момент на своја рака да испалуваат огномет и разни пиротехнички средства и поради ова апелираме и очекуваме Министерството за внатрешни работи да е на висина на задачата, особено на дочекот на Новата година“, велат од „Зелен хуман град“.

