Спорт
Вирц: Не смееме да паднеме во замката на Кире Лазаров

Ракометната селекција на Луксембург вечерва (19 часот) во Скопје за првпат ќе заигра во квалификации за Европско првенство, а противник е Македонија, која за првпат го нема Кире Лазаров во двојна улога, и како ракометар и како селектор. Отсега ќе биде само на клупата, а неговите наследници ќе треба да ја завршат работата на теренот.
„Горди сме што дојдовме на ова и ќе им порача, на ракометарите да уживаат. Треба да покажеме и дека заслужуваме да бидеме дел од оваа фаза на натпреварувањето. Македонија е силна селекција и не смееме да паднеме во замката што сигурно ќе ја подготови Кире Лазаров“, изјави капитенот на селекцијата на Луксембург, Томи Вирц.
Во Арената „Борис Трајковски“ се очекуваат околу 6.000 фанови кои ќе бидат поддршка за македонските ракометари до уште една квалификациска победа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Енрике: Жал ми е што Мбапе замина, но очигледно е дека сме подобар тим без него

ПСЖ се пласира во финалето на Лигата на шампионите откако го победи Арсенал во реваншот на домашен терен. По победата со 1:0 во Лондон, славеше со 2:1 на домашен терен во Париз и се пласираше во финалето. Таму ги чека Интер, а натпреварот за титулата ќе се игра на 31. мај во Минхен.
ПСЖ на патот до финалето победи дури четири англиски клуба. Во главната, лигашка фаза го победи Манчестер сити со 4:2. Потоа во трите нокаут рунди ги нанижа, Ливерпул во осминафиналето, Астон Вила во четвртфиналето и Арсенал во полуфиналето.
По натпреварот, Луис Енрике доби големи пофалби, бидејќи е блиску до освојување на Лигата на шампионите во првата сезона без Килијан Мбапе.
Мбапе го напушти ПСЖ минатото лето, за „светците“ тој играше седум години, одигра 308 натпревари, постигна 256 гола и забележа 107 асистенции.
Иако остана без најдобриот играч и најдобриот стрелец во клупската историјата, Енрике импресивно стигна до финалето на Лигата на шампионите. Шпанецот се присети на изјавата што ја даде кога Мбапе замина во Реал:
„Бев многу храбар минатата сезона кога реков дека ќе имаме подобар тим без Мбапе. Сè уште го мислам тоа, а статистиката го потврдува тоа“, рече тој и додаде.
„Штета е што Мбапе си замина, но играчите го сфатија тоа како предизвик. Би сакал Мбапе да останеше, но другите играчи брилијантно одговорија на предизвикот. И секогаш ќе претпочитам да имам четири играчи кои постигнуваат по 12 гола отколку еден кој постигнува 40.“
Спорт
Кари ќе пропушти најмалку три натпревари

Стеф Кари сигурно ќе пропушти следните три натпревари на Голден Стејт Вориорс, односно ќе биде надвор од терените најмалку една недела поради повреда на задниот дел од левата нога.
Вориорс имаат скор од 1-0 во серијата од четири натпревари против Минесота Тимбервулвс во второто коло од плејофот на Западната конференција на НБА. До брејк во Минеаполис (88:99), Вориорс дојдоа без Кари, кој во првиот натпревар одигра само 13 минути.
„Секоја година плејофот е со прилагодувања, без разлика дали станува збор за тактики, повреди или состави, па затоа едноставно мора да се прилагодиме. Го направивме ова и претходно и сме уверени дека можеме да го направиме повторно“, рече тренерот Стив Кер.
Лидерот на Вориорс и четирикратниот шампион во НБА би можел да се врати на теренот во петтиот натпревар од серијата закажан за 14. мај во Минеаполис. Поверојатно е дека тој би можел да биде подготвен за евентуален шести натпревар во Сан Франциско на 18. мај.
Спорт
Игор Стефановски-Иџе викендов ќе вози на Рампа Да Фалпера во Португалија

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), овој викенд ќе ја вози третата трка. Ќе вози на патеката Рампа Да Фалепра во португалската Брага. За него оваа патека е добро позната, шампионски освојувана.
Стефановски по првите две трки во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки е тре во генералениот.
„Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Патеката Рампа Да Фалпера добро ја познавам. Двапати бев на подиум и тоа на првата позиција. Моите очекувања и овојпат се слични, да триумфираме. Би сакал да истакнам дека ова е патека на која брзината на некои делови надминува и повеќе од 240 км, што е голем и силен предизвик за сите натпреварувачи. И пред оваа трка, би сакал да се заблагодарам на мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, моите спонзори, и секако, до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка, вели Иџе.
Стефановски и годинава се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.