Македонија
Регистрирани се 53 новозаразени со коронавирус, нема починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 657 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 39, Битола – 4, Прилеп – 3, Куманово и Велес – по 2, Тетово, Штип и Неготино – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 16 реинфекции.
Регистрирани сe 36 оздравени пациенти од: Скопје – 25, Куманово – 4, Прилеп – 2, Битола, Велес, Струмица, Свети Николе и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.
Направени се 657 тестови: ИЈЗ-88, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-21, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-34, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија-55, Жан Митрев (Филип Втори)-6, Авицена-11, Биотек-15, Систина-6, лабораторија Лаор-2, Синлаб-1, Ремедика-6, Плодност-2, Генеа-0, Никоб лаб-11, ВФВ Медикал-4, Ели медика плус-4, Спектра-ММ-0, Рапид лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-8, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 335.
Досега во земјата се направени вкупно 2.175.576 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.515, бројот на оздравени пациенти е 333.647, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 317.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 161869, Активни 235
Куманово 18235, Активни 9
Битола 17960, Активни 7
Прилеп 15510, Активни 9
Тетово 14473, Активни 3
Кавадарци 12087, Активни 3
Велес 10809, Активни 10
Охрид 10315, Активни 8
Гостивар 10275, Активни 0
Струмица 8781, Активни 1
Штип 8762, Активни 7
Кичево 6075, Активни 1
Кочани 5544, Активни 0
Струга 5172, Активни 1
Гевгелија 4882, Активни 1
Неготино 4147, Активни 3
Ресен 3031, Активни 2
Радовиш 2836, Активни 1
Свети Николе 2795, Активни 0
Крива Паланка 2660, Активни 0
Делчево 2183, Активни 0
Берово 1875, Активни 1
Дебар 1812, Активни 0
Валандово 1600, Активни 0
Виница 1478, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1131, Активни 2
Богданци 1101, Активни 0
Крушево 1038, Активни 1
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 800, Активни 2
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 519, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
Вкупно 343515, Активни 317
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода дел од општина Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре:
· Поради изведување на водоводен приклучк на водоводна мрежа со пречник од ф-200мм на улицата Радишанска, крак – 4 (Бел Камен), од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и населба Кучевишка Бара, општина Бутел.
Македонија
АД МЕПСО го рестартира стратешкиот проект: Избран изведувач за изградба на 𝟦𝟢𝟢 ᴋᴠ интерконекција Битола – Елбасан
АД МЕПСО информира за успешното завршување на постапката за избор на најповолен понудувач за проектот од највисок стратешки интерес, изградбата на 400-киловолтната интерконекција Битола – Елбасан (Компонента 1: ДВ од ТС Битола 2 преку ТС Охрид до македонско-албанската граница).

„Со овој чекор, компанијата официјално го рестартира проектот кој ќе ја воспостави клучната енергетска поврзаност помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.
По спроведената меѓународна постапка преку системот за е-набавки на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), отворен на 25.04.2025 година, и по детална евалуација на пристигнатите понуди, како најповолен понудувач е избран меѓународниот конзорциум предводен од DALEKOVOD d.d. од Хрватска.
Вкупната вредност на прифатената понуда изнесува 19.696.200,85 евра“, извести АД МЕПСО.

„Целата постапка беше водена согласно строгите политики за набавки на ЕБРД, што претставува гарант за транспарентност и објективност.
Овој избор доаѓа по стратешки неопходната одлука на раководството за раскинување на претходниот договор кој го компромитираше и одолговлечи проектот. Таа постапка беше водена строго според меѓународните ФИДИК (FIDIC) стандарди.
Во насока на заштита на државниот интерес и финансиска ефикасност, АД МЕПСО обезбеди континуитет на инвестицијата: 51,2% од потребната опрема е веќе испорачана од претходниот изведувач, истата е во сопственост на МЕПСО и ќе биде вградена од страна на новоизбраниот изведувач, со што се спречи финансиска штета по компанијата.

Со потпишувањето на Договорот ќе започне реализацијата на работите со рок на извршување од 900 дена (30 месеци).
Реализацијата на овој проект го затвора единствениот отворен крак во нашиот преносен систем, овозможувајќи комплетирање на регионалниот енергетски Коридор 8 и значајно подобрување на напонските прилики во југозападниот дел на земјата.
АД МЕПСО останува посветен на транспарентно, отчетно и ефикасно спроведување на капиталните проекти од витален интерес за енергетската стабилност на државата“, соопштуваат од АД МЕПСО.
Македонија
Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води АВМУ и во наредните пет години
Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во наредните пет години, откако ја обезбеди поддршката од Советот на АВМУ за продолжување на својот мандат.
„На денешната 26-та седница, Советот на Агенцијата одлучи во наредниот петгодишен период Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ја води д-р Зоран Трајчевски“, соопштија од АВМУ.

