Македонија
Битиќи: Агенцијата за катастар на недвижнини дава податоци кои се важни за целокупниот развој
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи заедно со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев се обратија на отворањето на конференцијата организирана од Агенцијата за катастар на недвижности по повод 95 години геодетски премери и 75 години Геодетска управа.
Битиќи ја истакна важноста на Агенцијата за катастар на недвижности, која не е место каде што технички лица внесуваат мапи, туку е место на податоци, кое овозможува развој на сите полиња.
„Она што треба да го разбереме за Агенцијата за катастар на недвижности и нејзината дигитализацијата е дека податоците со кои располагаме имаат вредност само доколку правилно се употребат и соодветно се вкрстат, односно интраперабилноста помеѓу истите.
Продлабочувањето на знаењето за нивната вредност како и начините на нивно поефикасно собирање, вкрстување и презентирање, за да може да се искористи нивниот максимален потенцијал е есенцијално“, рече Битиќи.
![]()
Директорот Тунџев во своето обраќање се осврна на развојот на Агенцијата за катастар и подобрувањето на услугите кои ги нуди на граѓаните.
„Агенцијата за катастар на недвижности ги поедностави процедурите и сега рокот за запишување се скрати од месец и подолго на не повеќе од 1 до 2 дена, катастарските податоци се достапни на интернет, овозможен е директен пристап до податоците од катастарот за нотарите, приватните геодети, општините и останатите институции, овозможено е електронско поднесување на пријавите за запишување промени за трансакции на имот, овозможено е електронско добивање на имотен лист, копија од катастарски план и уште многу други услуги кои нашата институција прават да функционира на принципите на легитимност, стручност, ефикасност, транспарентност, сервисна ориентираност, професионалност и одговорност“, потенцираше Тунџев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

