Црна хроника
Уапсени крадци кои оперирале во Центар и Кисела Вода

Припадниците на единицата „Алфи“ уапсиле тројца крадци во станови и куќи, а по еден се уште трагаат
Четворицата организирано ограбувале станови и куќи во скопските населби Центар и Кисела вода, при што украле предмети вредни вкупно 950 илјади денари.Оперирале речиси една година, најчесто во попладневните часови и ноќе. Се прекачувале преку балкон, со шрафцигери ги отворале балконските врати и прозорци и од куќите и становите краделе златен накит, пари, девизи, техничка стока, мобилни телефони, рачни часовници. Украдените вредни предмети ги продавале и парите си ги трошеле.Алфите ги пресретнале пред една недела околу 3 часот на улицата „Васил Ѓоргов“. Едниот од тројцата пресретнати крадци почнал да бега фрлајќи ја црната фантомка, чифт ракавици и шрафциегерот.Другиот, пак, меѓу автомобилите ја фрлил фантомката и еден пар ракавици, а во него полицијата пронашла приврзок „Сваровски“ и мобилен телефон „Моторола“.Тројцата се приведени во полициската станица Центар и во информативниот разговор со полицијата ги признале кражбите и на полицајците им опишале на кој начин краделе.Полицијата се уште го бара четвртиот крадец од групата и по него е распишана потерница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола.
Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.
По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.
Црна хроника
Жена ограбена во Ѓорче Петров

Шеесет и петгодишна жена била ограбена во Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, вчера Г.Ј.(65) од Скопје пријавила дека околу 17.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила и го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
Насилници уценувале девојче од Скопје – им дала 25.000 евра за да не го нападнат брат ѝ

Девојче од Скопје било уценувано од неколку соученици дека ако не им даде пари, ќе го нападнат нејзиниот брат кој има здравствени проблеми. На тој начин, девојчето од дома земало и им дало на насилниците 25.000 евра.
Според информациите на МВР, ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.
Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.