Македонија
„Жените во надворешната политика“ – втора меѓународна конференција на МНР
Почна втората меѓународна конференција на Министерството за надворешни работи со наслов „Жените во надворешната политика“, под покровителство на Владата, а домаќин е заменик-министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки.
На конференцијата се обрати министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој, меѓу другото, истакна дека конференцијата полека, но сигурно, станува традиционален настан како во регионот на Западен Балкан така и пошироко во светот како уникатна платформа за размена на мислења и идеи за улогата на жените во одлучувачки позиции.
„Северна Македонија како земја членка на НАТО и дел од меѓународното семејство на Обединетите нации, земја чија стратешка цел е членство во ЕУ и која ќе претседава со ОБСЕ во 2023 година, постојано вложува напори во застапувањето на родовата еднаквост и зајакнувањето на позицијата на жените во одлучувачките позиции бидејќи овој напредок е тесно поврзан со просперитетот, стабилноста и со благосостојбата на земјата“ истакна Османи.
Како домаќин на конференцијата, заменик-министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, во својот говор на официјалното обраќање се осврна на потребата од поголемо учество на жените во сите сфери во општеството нагласувајќи дека треба да се изнајде начин мажите и жените да го надминат родовиот јаз во јавниот живот.
„Ќе се залагам за секоја успешна жена дипломат во Министерството за надворешни работи да добие можност да извршува значајна позиција, за секоја жена амбасадор надвор, како и за сите други жени што имаат визија да го променат светот доминиран од мажите, за доброто на сите. Женските права се човекови права. Затоа, истакнувам дека не станува збор за опција, туку за нужност“, рече Исаки.
Како претставник на Владата, која е официјален покровител на овој настан, заменик-претседателката на Владата задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска, нагласи дека „на светот му се потребни упорноста, трпението, разбирањето и љубовта преку кои жените им пристапуваат на проблемите и носат одлуки. Неопходен ни е ваков приод имајќи го предвид актуелниот глобален политички и безбедносен контекст во светот“.
На официјалното отворање свои обраќања имаа високи политички претставници од земјите од Западен Балкан, кои споделија свои гледишта, видувања, лични искуства и мислења за политиките што треба да се преземат за унапредување на родовата димензија во надворешната политика, особено во однос на застапеноста на жените на одлучувачки позиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСM: ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена
ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија со усвојување на предавничка Резолуција во Собранието, велат од СДСМ.
„Ја загрозуваат слободата на говорот и мислењето, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена, само да не се зборува за договорот мигранти за пари.
Целта е на опозицијата да ѝ биде забрането да зборува на темата мигранти, под зкана на кривични пријави, кои судовите по итна постапка би ги прифаќале. Затоа и забрзано работат на воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.
Секој што ја зборува вистината за мигрантите е таргет, да му се заканат со кривична, со затвор, и на тој начин да замолчат каква било дебата за тоа што се случува надвор од очите на јавноста.
Во меѓувреме ќе пласираат лаги и ќе фабрикуваат разни лажни вести, за опозицијата, за новиот тим на СДСМ, се за и сешто“.
Затоа, според оваа партија, во предавничката Резолуција, како што наведуваат, внеле и измислици дека СДСМ подготвувала мигранти, што е целосна лага.
„Кога се носат предавнички резолуции против опозицијата тоа е автократија, вовед во диктатура, режим 2.0.
СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.
Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок и основните слободи за да избегаат од националните предавства.
Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции. Помош ќе побарме и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа“.
Со сите демократски алатки и механизми кои ни стојат на располагање, додаваат од СДСМ, ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).

