Црна хроника
Турчин пробал да изнесе злато од Македонија

На летот кон Истанбул од скопскиот аеродром, вчера, турски државјанин се обидел да изнесе 2,5 килограми злато од државава
Турскиот државјанин Б.Г. вчера се обидел да се качи на авионот за Истанбул со 2.357 грама злато, завиткано во алиштата, соопшти Царината. Тој не пријавил ништо за царинска контрола, но бил однесен на детален преглед, каде во облеката биле пронајдени прачки, плочки, ланчиња, златници, прстен, обетки и други златни предмети, завиткани во алуминиумска фолија.Златото било предадено на вештачење во Златара Рубин Кармин, од каде потврдиле дека една од прачките е 18-каратна, две прачки, голема плочка и обетките се 14-каратни, златниците и плочката од 5 грама се 24-каратни, а останатиот накит бил со различна чистота.За прачките, пак, се претпоставува дека се излиени на аматерски начин со претопување на стар златен накит. Против лицето Б.Г. е поднесена кривична пријава за шверцување стока со значителна вредност, согласно член 278 од Кривичниот закон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.